Фридрих Енгелс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Додадени насловите Назад во Британија и Подоцнежни години (превод од англиската верзија)
сНема опис на уредувањето
Ред 43:
=== Брисел ===
[[Податотека:Belgique - Bruxelles - Grand-Place - Maison du Cygne - 01b.jpg|мини|''La Maison du Cygne'' (Лебедовата гостилница), Брисел, каде што „Комунистичкиот манифест“ бил напишан.]]
Белгиската нација, основана во 1830 година, беше обдарена со еден од најлибералните устави во Европа и функционираше како засолниште за прогресивците од други земји. Од 1845 до 1848 година, Енгелс и Маркс живееле во Брисел, поминувајќи поголем дел од времето организирајќи ги германските работници во градот. Набргу по нивното пристигнување, тие го контактирале и се приклучиле на илегалниот германски Сојуз на комунисти. Сојузот на комунисти беше наследничка организација на стариот сојуз на праведните кој беше основан во 1837 година, но неодамна бил распуштен. Под влијание на Вилхелм Вајтлинг, Сојузот на комунисти беше меѓународно здружение на пролетерски револуционери со филијали во разни европски градови. Сојузот на комунисти имал контакти и со илегалната заговорничка организација на Луј Август Бланки. Многумина од тогашните пријатели на Маркс и Енгелс станале членови на Сојузот на комунисти. Старите пријатели како Георг Фридрих Хервег, кои работеа со Маркс на ''Рајнише Цајтунг'', Хајнрих Хајне, славниот поет, младиот доктор по име Роланд Даниелс, Хајнрих Бургерс и Август Херман Евербек сите ги одржуваа своите контакти со Маркс и Енгелс во Брисел. Георг Верт, кој станал пријател на Енгелс во Англија во 1843 година, сега се населил во Брисел. Карл Валау и Стефан Борн (вистинско име Симон Бутермилих) беа двајцата германски имигрантски работници на машини за сложување кои се населиле во Брисел за да им помогнат на Маркс и Енгелс во нивната работа на Сојузот на комунисти. Маркс и Енгелс оствариле многу нови важни контакти преку Сојузот на комунисти. Еден од првите беше Вилхелм Волф, кој наскоро требаше да стане еден од најблиските соработници на Маркс и Енгелс. Други беа Joсиф Вејдемејер и Фердинанд Фрајлиграт, познат револуционерен поет. Додека повеќето соработници на Маркс и Енгелс беа германски имигранти кои живееле во Брисел, некои нивни нови соработници беа Белгијци. Филип Жиго, белгиски филозоф и Виктор Тедеско, адвокат од Лиеж, и двајцата се приклучија на Сојузот на комунисти. Јоахим Лелевел, истакнат полски историчар и учесник во полското востание од 1830-1831 година, исто така, беше чест соработник. Сојузот на комунисти им наложи на Маркс и Енгелс да напишат памфлет во кој ќе ги објаснат принципите на комунизмот. Ова стана ''Манифест на Комунистичката партија'', попознат како ''Комунистичкиот манифест''. Првпат беше објавен на 21 февруари 1848 година и завршува со светски познатата фраза: „Нека владејачките класи треперат од комунистичката револуција. Пролетаријатот нема што да изгуби, освен своите синџири. Работниците имаат цел да освојат цел свет... Работници од сите земји, обединете се!“
 
Мајката на Енгелс му напишала во писмото за нејзината загриженост, коментирајќи дека тој „навистина отишол предалеку“ и го „молела“ да „не оди понатака“. Таа продолжила:<blockquote>Повеќе внимание посвети на други луѓе, на странци и не ги зеде предвид молбите на твојата мајка. Само Бог знае што доживеав и колку страдав. Се тресев кога го зедов весникот и видов во него дека е распишана потерница за апсење на мојот син.<ref>{{Наведена книга|title=Писмото на Елизабет Енгелс до Фридрих Енгелс содржано во бр. 6 од Додатокот во Собраните дела на Карл Маркс и Фридрих Енгелс: Том 38|last=|first=|publisher=(International Publishers: New York, 1982)|year=|isbn=|location=|pages=540–541}}</ref></blockquote>