Фридрих Енгелс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Додадени насловите Брисел и Враќање во Прусија (превод од англиската верзија)
Додадени насловите Назад во Британија и Подоцнежни години (превод од англиската верзија)
Ред 3:
Енгелс ја разви она што сега е познато како марксистичка теорија заедно со Карл Маркс и во 1845 година ја објави книгата „Положбата на работничката класа во Англија“, заснована врз лични набљудувања и истражувања во англиските градови. Во 1848 година, Енгелс беше ко-автор на ''Комунистичкиот манифест'' со Маркс и исто така е автор и коавтор (првенствено со Маркс) и на многу други дела. Подоцна, Енгелс финансиски го издржувал Маркс, овозможувајќи му да ја истражува политичката економија на капитализмот и да го напише својот магнум опус ''Das Kapital''. По смртта на Маркс, Енгелс ги уредувал вториот и третиот том на ''Das Kapital''. Покрај тоа, Енгелс ги организираше Марксовите ракописи за теориите за вишок на вредност, кои подоцна беа објавени како „четврти том“ на ''Das Kapital''. Во 1884 година, тој ja објави книгата „Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата“ врз основа на етнографското истражување на Маркс.
 
Енгелс почина во Лондон на 5 август 1895 година, на 74-годишна возраст од карцином на гркланотгрлото и по кремирањето, неговата пепел е расфрлана од белиот 'рт Бичи-Хед, во близина на Истборн.
 
== Биографија ==
Ред 59:
 
Енгелс патувал низ Швајцарија како бегалец и на крајот стигнал на безбедност во Англија. На 6 јуни 1849 година, пруските власти издале потерница за Енгелс, во кој имало физички опис како „висина: 168 сантиметри; коса: руса, чело: мазно; веѓи: руси; очи: сини; нос и уста: добро пропорционални; брада: црвеникава; брада: овална; лице: овално; тен: здрав; фигура: витка. Посебни карактеристики: зборува многу брзо и е кратковид.“ Што се однесува до својата „кратковидост“, Енгелс признал во писмо напишано до Јосиф Вејдемејер на 19 јуни 1851 година во кое тој вели дека не бил загрижен затоа што бил избран за пруската војска заради „мојот очен проблем, за којшто сега дознав дека еднаш засекогаш ме прави потполно непогоден за активна служба од секаков вид.”<ref>{{Наведена книга|title=Писмо на Фридрих Енгелс содржано во бр. 183 од Собраните дела на Карл Маркс и Фридрих Енгелс: Том 38|last=|first=|publisher=|year=|isbn=|location=|pages=370}}</ref> Откако бил безбеден во Швајцарија, Енгелс започнал да ги запишува сите свои спомени од неодамнешната воена кампања против Прусите. Ова пишување на крајот станало статија објавена под името „Кампањата за германскиот империјален устав“.
 
=== Назад во Британија ===
[[Податотека:Engel House in Primrose.jpg|мини|Енгелсовата куќа во Primrose Hill, Лондон]]
За да му помогне на Маркс со новите публицистички напори во Лондон, ''Neue Rheinische Zeitung Politisch-ökonomische Revuе'', Енгелс барал начини да го избегне континентот и да стигне до Лондон. На 5 октомври 1849 година, Енгелс пристигнал во италијанскиот пристанишен град Џенова. Таму, Енгелс резервирал премин на англискиот едреник, ''Cornish Diamond'' под команда на капетанот Стивенс. Патувањето низ западниот Медитеран, околу Иберскиот Полуостров со пловење на едреник траело околу пет недели. Конечно, на 10 ноември 1849 г. ''Cornish Diamond'' се укотвил во реката Темза во Лондон со Енгелс на бродот.
 
По неговото враќање во Велика Британија, Енгелс повторно се вработил во компанијата Манчестер во која неговиот татко имал акции со цел да го поддржи Маркс финансиски додека работел на ''Das Kapital''.
 
За разлика од неговиот прв период во Англија (1843), Енгелс сега бил под полициски надзор. Тој имал „службени“ домови и „неофицијални домови“ низ целиот Салфорд, Вист и други области во градот Манчестер каде живеел со Мери Брнс под лажни имиња за да ја збуни полицијата. Малку повеќе е познато, дека Енгелс уништил над 1500 писма меѓу него и Маркс по смртта на вториот, за да ги прикрие деталите за нивниот таен начин на живот.
 
И покрај неговата работа во фабриката, Енгелс нашол време да напише книга за Мартин Лутер, протестантската реформација и револуционерната војна на селаните во 1525 година, насловена како „Селанската војна во Германија“. Енгелс исто така напишал голем број написи за весниците, меѓу кои и „Кампањата за германскиот империјален устав“ што тој го завршил во февруари 1850 година, и „За слоганот за укинување на државата и германските „Пријатели на анархијата“, напишани во октомври 1850 година. Во април 1851 година, тој го напишал памфлетот „Услови и перспективи за војна на светата алијанса против Франција“.
 
Маркс и Енгелс го осудиле Луј Бонапарта кога, на 2 декември 1851 година, тој извршил пуч против француската влада и се прогласил себеси за доживотен претседател. Во осудата на оваа акција, Енгелс му пишал на Маркс на 3 декември 1851 година, опишувајќи го пучот како „комичен“ и го поврзал со настанот што се случил на „18-ти Бример“ - датумот на пучот на Наполеон I од 1799 година, според [[Француски републикански календар|Францускиот републикански календар]]. Подоцна Маркс ја вклучил оваа комично иронична карактеризација на пучот на Луј Бонапарта во неговиот есеј за пучот. Навистина, Маркс дури го нарекол есејот ''Осумнаесеттиот бример на Луј Бонапарта'' повторно користејќи ја предложената карактеризација на Енгелс. Маркс, исто така, ја позајмил од Енгелс карактеризацијата на Хегеловата идеја за Светскиот дух (''Geist'') дека историјата се случила двапати, „еднаш како трагедија и вторпaт како фарса“ во првиот пасус од својот нов есеј.
 
Во меѓувреме, во фабриката во сопственост на неговиот татко во Манчестер, Енгелс започнал да работи како службеник, истата позиција што ја имал во своите тинејџерски години додека бил во Германија, каде што се наоѓала компанијата на неговиот татко. Како и да е, Фридрих работел сè за да стане партнер на фирмата во 1864 година. Пет години подоцна, Енгелс се повлекол од бизнисот и можел да се фокусира повеќе на своите истражувања. Во тоа време, Маркс живеел во Лондон, но тие биле во можност да ги разменуваат своите размислувања преку дневна преписка. Една од идеите за којашто Енгелс и Маркс размислуваа беше можноста и карактерот на потенцијална револуција во Русија. Уште во април 1853 година, Енгелс и Маркс предвидоа „аристократско-буржоаска револуција во Русија која ќе започне во Св. Петроград со последователна граѓанска војна во внатрешноста.” Моделот за овој вид аристократско-буржоаска револуција во Русија против автократската царска влада во корист на уставна влада го овозможи Декемврискиот револт од 1825 година. Иако неуспешен револт против царската влада во корист на уставна влада, и Енгелс и Маркс предвидуваа дека ќе се случи буржоаска револуција во Русија што ќе донесе буржоаска фаза во рускиот развој која ќе му претходи на комунистичката фаза. До 1881 година, и Маркс и Енгелс започнале да размислуваат за развоен курс во Русија што би водел директно во комунистичка фаза без посредувачката буржоаска фаза. Оваа анализа се засновала на она што Маркс и Енгелс го сметале за исклучителни карактеристики на руската селска комуна или обшина. Иако сомневање било изразено кон оваа теорија од Георги Плеханов, расудувањето на Плеханов се засновало на првото издание на ''Das Kapital'' (1867), кое му претходеше на Марксовото интересирање за руските селски комуни за две години. Подоцнежните изданија на текстот ја демонстрираат симпатијата на Маркс за аргументот на [[Николај Чернишевски]], дека треба да се воспостави социјализам во Русија без посредничка буржоаска фаза под услов селанската комуна да се користи како основа за транзицијата.
 
Во 1870 година, Енгелс се пресели во Лондон, каде што живеел заедно со Маркс, сè до смртта на Маркс во 1883 година. Домот на Енгелс во Лондон од 1870–1894 година бил на 122 Regent's Park Road. Во октомври 1894 година, тој се преселил на 41 Road Regent's Road, Primrose Hill, NW1, каде починал следната година.
 
Првата резиденција на Маркс во Лондон бил мал стан на улицата Дин Стрит, Сохо. Од 1856 година, тој живеел на 9 Grafton Terrace, Кентиш Таун, а потоа и во стан на 41 Maitland Park Road во Белсајз Парк од 1875 година до неговата смрт во март 1883 година.
 
Мери Брнс одеднаш починала од срцево заболување во 1863 година, по што Енгелс се зближил со нејзината помлада сестра Лидија („Лизи“). Тие живееле отворено како пар во Лондон и се венчале на 11 септември 1878 година, неколку часа пред смртта на Лизи.
 
=== Подоцнежни години ===
По смртта на Маркс, Енгелс посветил голем дел од преостанатите години на уредување на недовршените томови на Марксовиот ''Das Kapital''. Сепак, тој значително придонел и во други области. Енгелс дал аргументи користејќи антрополошки докази од тоа време, за да покаже дека семејните структури се менувале низ историјата и дека концептот за моногамен брак потекнува од неопходноста во класното општество мажите да ги контролираат жените за да осигурат дека нивните деца ќе го наследат нивниот имот. Тој тврди дека идното комунистичко општество ќе им овозможи на луѓето да донесуваат одлуки за своите односи без економски ограничувања. Еден од најдобрите примери на размислувањата на Енгелс за овие теми се во неговото дело ''[[Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата]]''.
 
Фридрих Енгелс починал од рак на грлото во Лондон на 5 август 1895 година, на 74-годишна возраст. По кремирањето во креаториумот во Вокинг, неговата пепел била расфрлана од белиот 'рт Бичи-Хед, во близина на Истбурн, како што тој барал. Тој оставил значителен имот, вреден 25 265 фунти што е еквивалентно на 2 939 827 фунти во 2019 година.
 
== Творештво ==