Хари Потер и Одајата на тајните (филм): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Delix (разговор | придонеси)
допишување на поткатегорија
Ред 92:
 
[[Саундтрак]]от на филмот беше промовиран на [[12 Ноември]] 2002. Композициите се на [[Џон Вилијамс]] со некои додатоци од [[композитор]]от [[Вилијам Рос]]. Рос беше и [[диригент]] на саундтракот при изведбата. Во 2002 беше издадена и видео игра на основа на филмот од студиото [[EA Games]].
 
== Разлики од книгата==
 
Мал дел од сижејните линии целосно се отфрлени од филмот, некои се само кондензирани во пократки варијанти поради времетраењето. Голем дел од темите кои биле скратени во оригиналот на сценариото биле напишани во поголем детал. Некои од нив можат да се најдат на ДВД изданието како избришани сцени, вклучувајќи ги и Малфоеви во продавницата "Borgin and Burkes", тестот на Гилдерој Локхарт (составен од прашања само за него) на првиот час од Одбрана од мрачните сили, и неколку разговори за тоа дали Хари Потер е наследникот на Слитерин. Смртоденската забава на Речиси-безглавиот Ник од книгата и обидот на Ник да се придружи на Безглавиот лов се целосно исфрлени од филмот.
 
Во книгата, додека летаат кон Хогвортс, Хари и Рон мирно го набљудуваат возот од одозгора во текот на патувањето. Во филмот, Рон неможејќи да го види возот од облаците се спушта блиску до шините и тогаш го здогледуваат возот зад нив поради што губат контрола над колата.
 
Некои ликови се отфрлени во сценариото и нивниот текст е зададен на други. На пример, духот на Професорот Бинс г онема во филмот, па така неговото објаснување за Одајата на тајните е дадена на професорката Мекгонагал. Духот Пивс е исто така исфрлен од филмот, како и од сите други филмски адаптаии.Понатаму, разговорот помеѓу младиот Том Ридл и Армандо Дипет, во врска со затварањето на Хогвортс, како што е видено во меморијата на дневникот, е всушност помеѓу Ридл и Дамблдор во филмот.
 
== Референци ==