Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Вметнав портрети на Мара и нов наслов Мара во Националниот Конвент
Обновување на веќе додадени наслови, преуредување на наслови и поднаслови, и сл.
Ред 10:
== Живот и образование ==
[[Податотека:Marat Boudry 200315.jpg|мини|Родната куќа на Мара во Будри, Швајцарија.]]
 
 
Жан-Пол Мара е роден на 24-ти мај 1743-та година, во градот Будри, близу Нешател, во северозападниот дел на Швајцарија, како дете на незабележлива Сардиниска фамилија. За неговите родители се сочувани оскудни податоци. Неговиот татко, кој имал презиме Маra (без „t“ кое подоцна Жан-Пол го додава), роден е во градот Каљариј, во Сардинија, а во Швајцарија се доселил малку пред раѓањето на својот син. По занимање бил цртач и сликар, а подоцна предавал странски јазици. Има податоци дека се занимавал и со медицина. Со својата работа скромно го издржувал своето големо семејство (освен најстариот син Жан-Пол, имало уште пет деца, две сестри, Марија и Албертин, и три браќа, Анри, Давид и Жан Пјер). Жан-Пол Мара Постариот живеел осумдесет години. Неговиот првенец Жан-Пол се родил кога тој имал четириесет години. До 1754 година Жан-Пол Мара Постариот живеел во Будри, а потоа се преселил во Нешател. Подоцна, во 1768 година, преминал во Женева. Во тоа време малиот Жан-Пол Мара веќе се отселил од домот на своите родители. За својот татко Жан-Пол Мара малку пишувал, но со длабока почит. Тој пишувал со посебна благодарност за тоа што добил „во родителскиот дом многу примерно воспитување“. Од својот татко го наследил интересот и способноста за учење странски јазици па научил француски, англиски, германски, италијански, подоцна шпански и холандски, а потоа латински и грчки. Татко му сакал од него да стане научник. Тоа било од големо влијание на умното формирање на идниот познат трибун. Многу често и со повеќе топлина Жан-Пол ја споменувал својата мајка. Лујз Каброл по раѓање била Французинка. До стапувањето во брак таа живеела со своите родители во Женева, каде се доселиле во 1723 година. Жан-Пол Мара признавал дека токму неговата мајка имала одлучувачко влијание врз развитокот на неговиот карактер и неговите етички идеали.<blockquote>Таа почитувана достојна жена, чија загуба ја оплакувам до денешен ден – пишувал тој во својата автобиографија, која ја објавил пред својата смрт – ме воспитуваше во првите мои години и таа придонесе за буење на човекољубието во моето срце, љубов кон правда и слава… Со моите раце таа укажуваше помош на сиромашните, и начинот на кој таа со нив зборуваше пробудуваше во мене чувство со кое таа беше обземена.</blockquote>Длабоката љубов и почитување кон својата мајка Мара ги сочувал низ целиот негов живот. Подоцна, во своите публицистички и социолошки дела, тој често прибегнувал кон метафорично споредување на татковината со мајка му. Наспроти директното значење на смислата на самиот збор „татковина“ (и на француски јазик овој збор ја има истата смисла „la patrie“), кај Жан-Пол зборот татковина не предизвикувал асоцијација на татковски лик, туку лик на мајка.
Ред 66 ⟶ 65:
Пред почетокот на револуцијата, тешко болен, со лекарска дијагноза за брза смрт, Мара го напишал делото „Подарок на татковината или говори за третиот сталеж на Франција“. Во делото ја изразил надежта за успехот на револуцијата и советува како да се продолжи борбата за слобода. Здравјето му се подобрува, продолжува да се бори и прави планови како на народните маси да им влее надеж и сила да продолжат со борбата за промените во општеството. Во „Повикот до народот“ од 1789 година барал револуцијата да започне и да не заврши сè додека царува неправдата и додека дел од народот живее во беда и синџири.
 
== Окови на ропството (1774) ==
== Политичката мисла на Жан-Пол Мара ==
Жан-Пол Мара бил оригинален мислител, имал несогласувања со Монтескје. Единствен од мислителите од неговите современици со којшто се сложувал бил Жан Жак Русо. Меѓутоа, во Маратовото дело немало само полемичка жестокост. Напротив, тој доследно и логично, согласно со внимателен промислен план, ги изложувал своите позитивни идеи, систем на своите убедувања. Денис Дидро го нарекол Мара „доста надарен човек“. Книгата „Оковите на ропството“ било и првото политичко дело на Мара. Било оригинално и своевидно и по мислите, и по композицијата, и по книжевниот стил.<blockquote>За својот настанок, државата треба да му се заблагодари на насилието.</blockquote>стои на почетните страници од ова дело на Мара.<blockquote>Скоро секаде законите во својата основа не биле ништо друго освен полициски правила коишто осигурувале секому да може мирно да ужива во она што го ограбил.</blockquote>Но, Мара не бил песимист, овој сјаен бранител на правдата понатаму пишува во истото дело:<blockquote>Колку-годе да е валкано потеклото на државата, слободата се родила од угнетувањето.</blockquote>Мара дал многу длабоко објаснување на потеклото на државата, сметајќи дека таа произлегла од насилието. Мара во однос на ова важно прашање од општествената теорија го развил подалеку од Русо и од многу други истакнати мислители на 18 век. Во „Оковите на ропството“ може да се пронајдат извонредни предвидувања за класната природа на државата. Развитокот на деспотизмот, политичкото и социјалното угнетување, Мара го објаснува пред се‘ со непросветеноста на народот, иако, се разбира, ова е идеалистичко објаснување на законитоста којашто го одредува развојот на историскиот процес. Но, она што заслужува внимание е силината и длабочината на Маратовите мисли кога тој ги осветлува со стихијно материјалистичка анализа појавите во социјалниот живот и нејзините процеси, коишто за неговите современици останале темни и неразбирливи. Мара веќе во ова негово прво политичко дело тврдел дека создавањето на големите имоти, коишто се наоѓаат во малку раце, доведува до тоа<blockquote>класата на независни граѓани да исчезнува и дека државата се состои само од господари и потчинети.</blockquote>Мара ја увидел разликата помеѓу интересите на богаташите и сиромашните:<blockquote>Богаташите сакаат да уживаат, а сиромасите само да го сочуваат својот гол живот.</blockquote>Мара во „Оковите на ропството“ прецизирал и конкретизирал каде точно се јавува најсилно оваа противречност:<blockquote>Во комерцијализирана нација, каде што капиталисти и рентиери скоро одат рака под рака со закупниците на државни приходи, финансиерите и берзијанците, големите градови имаат само две класи на граѓани, од кои едната се наоѓа во беда, додека другата има се‘ во изобилие, едната ги држи во свои раце сите средства за угнетување, додека другата нема никакви средства за своја заштита.</blockquote>освен да ја продава својата работна сила и интелект. Мара исто така дошол и до сфаќањето на класната природа на државата:<blockquote>Станувајќи господари над послабите, насилниците во одредена мера стануваа и господари на државата.</blockquote>Маратовото дело „Оковите на ропството“ е извонредно и по тоа што тоа дошло како едно од првите во политичката литература на 18 век во кое дадена остра критика на порокот на новиот капиталистички поредок во она време кога тој само се раѓал. Веќе во тоа свое прво дело, посветено на општествено-политички прашања, Мара се појавил како смел и одлучен револуционерен демократ. Таков тој и останал до последните денови од својот живот.
 
Ред 72 ⟶ 71:
[[Податотека:Jean-Paul Marat portre.jpg|мини|''Официјален портрет на Мара'' од Жозеф Боз, 18-ти век, Musée Carnavalet, Histoire de Paris]]
Кога отпочнува Револуцијата, Мара ги остава своите научни обврски и сиот се предава во служба на народот. Како и повеќето Парижани, и Мара учествувал во револуционерните настани од 13 и 14 јули 1789. Подоцна тој зборувал како ноќта, на 14-ти јули, му успеало со помош на револуционерна народна маса да задржи на Новиот мост одреди на драгони и германска коњаница кои се насочувале кон квартот Сен Жермен и Сент Онор. Според Мара, задржувајќи ги коњаничките одреди на мостот, тој многу влијаел врз развитокот на вооружената борба меѓу побунетиот народ и владините трупи. Мара бил храбар учесник во славните јулски денови од 1789 година.
 
<br />
Првата политичка победа на Мара била неговиот избор во комитетот на округот Карм-Дешосе, каде што тој живеел. За изборите на Генералните сталежи, Париз бил поделен на 60 окрузи. Јавните собранија отворени за сите жители биле одржувани во секој округ со цел да се избере комитет кој би ги избрал париските претставници на Третиот сталеж. Состаноците на реонските собранија, сепак, наскоро го презеле политичкиот живот на своја рака, а реонските комитети се развиле во активистички организации кои почнале да практикуваат политичка власт на локално ниво.
 
На 14-ти јули 1789 реонскиот комитет бил во постојано заседание и Мара работел деноноќно, без прекин, во текот на три деноноќија. Задачата за сите окрузи била да ја организираат националната гарда како постојана војска способна воено да ја брани нивната Револуција. Вечерта во петокот, 17-ти јули, најпосле Мара тргнал дома да спие.
 
Утрото во саботата, 19-ти јули, тој се вратил во штабот да презентира предлог пред комитетот. Мара одлучил дека највредниот придонес што тој би можел да го даде за Револуцијата бил со неговото перо, па предложил округот да објавува политички весник и ги понудил своите услуги како негов уредник. Неговата иницијатива била одбиена, сепак, бидејќи мнозинството на комитетот сметало дека веќе доволно имало револуционерни изданија во промет. Иако Мара го прифатил ова одбивање смирено, подоцна тој рекол дека тоа го натерало да даде оставка од реонскиот комитет за да основа свој политички весник.
 
Ако округот се согласил да спонзорира издание, тој ќе овозможил машини за печатење, хартија, мастило, словослагачи, печатари и дистрибутери, но без неговата поддршка, Мара морал да го сноси сето бреме на производството врз себе. Тој успеал во тоа „живеејќи штедливо во сиромашни околности“, вели тој.<blockquote>Низ изминатите девет месеци јас живеев на леб и вода за да ги покријам трошоците за печатењето, кои станаа прекумерни.<ref>{{Наведена книга|title=L’Ami du Peuple, no. 20|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=|year=September 30, 1789|isbn=|location=Paris|pages=}}</ref></blockquote>На 11-ти август, еден месец откако го напуштил реонскиот комитет, неговото ново издание, ''Moniteur Patriote'', било отпечатено, но било со краток рок. Следниот месец, сепак, Мара го отпочнал одново но под различно име и овојпат можел да го продолжи неговото печатење.
 
Во август 1789 година го критикувал Проектот на декларацијата за правата на човекот и граѓанинот на Муние, со образложение дека авторот зборува само за правата, за „желбата за среќа“, а не кажува ниеден збор за должностите. Во Декларацијата „треба да се зборува за максимум на правата и за максимум на должностите“ и да се води исклучителна грижа за „среќата на народот, како основна цел на општествениот договор“.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques 1789-1793, Tome I|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1989|isbn=|location=Bruxelles|pages=57}}</ref>
 
Внимавал Уставотворното собрание да не скршне во погрешна насока, третиот сталеж да не се претвори во непријател на народот и да не биде „маска на деспотизмот“. Заради тоа, енергично се спротивставувал на предлогот на Лали Толендал да му се додели на Луј XVI звањето – „обновител на политичката слобода во Франција“.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques 1789-1793, Tome I|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1989|isbn=|location=Bruxelles|pages=62}}</ref>
 
==''L'Ami du Peuple'' (''Пријателот на Народот'') ==
На 12-ти септември бил отпечатен првиот број на весникот кој оттогаш ќе биде поврзуван со името на Мара: ''L’Ami du peuple''—''Пријателот на Народот.'' Тоа било дневен весник со првичен тираж од околку 2000 примероци. Производствените трошоци на Мара биле проценети на околу 80 до 90 ливри од едно издание, што било приближен еквивалент на месечна плата на неквалификуван работник или цената на оброк за четворица во отмен париски ресторан. Во почетокот, ''L’Ami du'' ''peuple'' изгледа дека опстанал со помош на висококаматни заеми од печатари и дистрибутери, но откако весникот станал популарен, се разбира Мара можел да заработи доволен приход за да го покрие трошокот за негово издавање. Иако нема бројки на располагање за да директно се одреди профитабилноста на весникот на Мара, еден друг весник, „споредлив во формат и промет со ''L’Ami du peuple''” (Coquard, ''Marat'', 464), заработувал годишен профит од околу 62 000 ливри (Gilles Feyel, “Les frais d’impression et de diffusion de la presse parisienne entre 1789 et 1792,” ''La Rеvolution du journal'', 1788–1794, Centre national de la recherche scientifique [CNRS] [Paris, 1989]). Личното „нето богатство“ на Мара во време на неговата смрт било буквално нула, па ако приходот од весникот ги надминувал трошоците за негово печатење, најверојатно тој го вложувал вишокот за зголемување на капацитетот за негово печатење. „Од денот кога Револуцијата започна, Мара живееше на леб и вода, не фигуративно зборувајќи, туку во стварноста. И кога тој беше убиен, целото богатство на Пријателот на Народот беше банкнота од 25 ливри (франци)“ (Кропоткин, ''Големата Француска револуција 1789-1793'').
Во септември 1789-та почнува со издавањето на неизмерливо популарниот ,,L’Ami du Peuple‘‘. Маратовиот весник ја будел работничката совест, поттикувал револуционерна енергија, додавал максими, ги формулирал народните барања. Аристократијата и крупните капиталисти многу бргу го увиделе во него својот најопасен непријател, а веќе во 1789 година претседателот на париската општина наредил да се уапси Мара. Принуден да се крие и по неколку пати на ден да го менува склоништето, Мара наоѓал сила и можности да не го прекинува издавањето на „L’Ami du Peuple“.<blockquote>Водејќи цело време војна против предавниците на татковината, огорчен од нивните гадости и суровости, јас им ги симнував маските, изложувајќи ги разголени пред светот, ги засрамував. Го презирав нивното клеветење, нивните лаги, нивното навредување. Но, не се плашев од нивната одмаздољубивост, од нивниот гнев… Мојата глава беше уценета. Пет лути шпиони, кои ме пратеа во чекор, и две илјади платени убијци ни за миг не можеа да ме натерат да го измамам својот долг. Да би ги избегнал ударите на убијците, јас се осудив на''живот во илегалност''. Понекогаш против мене се кревани батаљони од платеници. Принуден да бегам, лутајќи по улиците среде ноќ, не знаејќи понекогаш каде да прибегнам, проповедувајќи го меѓу мечови делото на слободата, бранејќи ги угнетените, спремен да си ја ставам главата на трупец, јас од сето тоа постанав уште пострашен за угнетувачите и политичките никаквеци.</blockquote>Мара сметал дека целта на неговиот весник е учењето на народните маси да ја користат слободата, да им ги<blockquote>објаснува на граѓаните нивните права, да им влева волја да ги користат овие права, храброст да ги бранат, смелост да се одмаздуваат на оние кои ги газат. Смислата на слободата е во тоа таа да му помогне на народот да се запознае со злоупотребите на своите претставници и да им пружи можност поради тоа да ги казни; смислата на слободата е во тоа да ги научи луѓето да се покоруваат само на правичните и мудрите закони, а да се противат на неправичните и да востануваат против тиранските закони.</blockquote>Одговарајќи на своите непријатели, Мара напишал:<blockquote>Иако не можам да гледам како страда ситен инсект, тие сепак ми кажуваат дека сум суров. Но, мене ме обзема длабока огорченост поради нашите лажни хумани сфаќања и поради нашата длабока попустливост кон секој наш суров непријател. Ние сме глупаци поради тоа што забораваме да се чуваме од нивните удари. Ако било кога тие добијат надмоќ спрема нас, погледајте ги тогаш како, носејќи оган во едната и меч во другата рака, ги пустошат регионите и просто ги убиваат сите родољубци, ги убиваат нивните жени и нивните деца, а градот го препуштаат на пламени јазици.</blockquote>Порано од сите останати револуционери тој сфатил на какви крупни тешкотии ќе мора да наидува револуцијата. Тој исто така го предвидел одметнувањето на крупните капиталисти од народот и нивниот иден сојуз со реакцијата. Тој барал така да се измени Уставотворното собрание што да постане извршител на народната волја, барал општо изборно право за народот, барал избирачите да им даваат на своите претставници одредени наредби и да можат да ги отповикуваат ако не постапувале по народните барања.<blockquote>Револуцијата ја спроведоа само ниските општествени класи: работници, занаетчии, ситни трговци, селани – со еден збор, оној низок слој, таа сиротиња која богаташите ја нарекуваат отпад (canaille).</blockquote>
 
Влијанието на весникот на Мара не може да се процени според обемот на неговиот тираж, бидејќи бројот на неговите читатели бил многу пати поголем. Индивидуалните примероци на весникот биле пренесувани од рака на рака и читани на глас на јавни места и кафеани. Еден коментатор од тоа време проценил дека секој еден примерок на популарните весници бил читан од десет луѓе.<ref>{{Наведена книга|title=Essai sur le journalisme depuis 1735 jusqu’а l’an 1800|last=Delisle de Sales|first=J.-B.-C.|publisher=de Colas|year=1811|isbn=|location=Paris|pages=96–7.}}</ref> Сепак, тиражот на весникот на Мара се зголемил како што растело неговото влијание, достигнувајќи максимум од можеби 6000 примероци. Обемот на тиражот не бил одреден од економската побарувачка, туку од физички ограничувања на печатарската технологија во осумнаесеттиот век. За да се произведуваат секојдневно три до шест илјади примероци на весник, еден историчар пресметал дека тоа „било задача која барала без прекин три до пет едноставни рачни печатари да работат во текот на буквално цела работна седмица.“<ref>{{Наведена книга|title=“Production, Distribution and Readership of a Conservative Journal”|last=Chisick|first=|publisher=|year=|isbn=|location=|pages=66}}</ref> Понекогаш ''L’Ami du Peuple'' се печател истовремено во три различни печатници за да го достигне дневниот тираж од 6000 примероци.<ref>{{Наведена книга|title=“Radicalism and the Book in Paris During the French Revolution”|last=Andries|first=Lise|publisher=CNRS|year=2006|isbn=|location=Paris|pages=}}</ref>
 
''L’Ami du peuple'' не беше само име на весник. Од почетокот тоа било исто така името на измислен карактер кој ги олицетворува доблестите на идеален револуционерен патриот. Пријателот на Народот бил храбар, решителен, посветен на правдата и вооружен со непогрешливо политичко „шесто сетило“ кое му овозможило да ги открива лагите и измамите и да ја чита скриената политичка стварност.
 
„Народот“ со кој Мара настојувал да се спријатели била револуционерната класа, ''санкилотите.'' Терминот ''санкилоти'' означувал луѓе кои носеле работнички панталони до глуждови наместо панталони до колена вообичаени за господа. Санкилотите биле „иматели на работилници, занаетчии, наемни работници, трговци и ситни трговци“ од Париз.<ref>{{Наведена книга|title=The Crowd in the French Revolution|last=Rudé|first=George|publisher=Oxford University Press|year=1972|isbn=|location=Oxford|pages=178}}</ref> Мара напишал:<blockquote>
Револуцијата беше изведена и поддржана само од најниските класи на општеството – работници, занаетчии, трговци на мало, земјоделци – од простиот народ, од оние сиромаси кои богаташите бесрамно ги нарекуваат отпад.<ref>{{Наведена книга|title=L’Ami du Peuple, no. 667|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=|year=July 7, 1792|isbn=|location=Paris|pages=}}</ref></blockquote>
Во почетокот Мара се идентификувал во весникот како „Мара, уредник на ''L’Ami du Peuple''“. Но, кога писмата до уредникот редовно ''му'' се обраќале како Пријателот на Народот, Мара почнал да се идентификува со тој карактер. Тој го скратил својот потпис на „Мarat, l’Ami du Peuple“ и станал Пријателот на Народот, колку за себе толку и за неговите читатели.
 
Во скоро време новинарството на Мара престанал да биде во својата суштина реформистичко и станало отворено револуционерно. За одредено време, двете гледишта коегзистирале во неговите написи, но наскоро откако го отпочнал издавањето на ''Ami du peuple'', тој престанал да повикува за реформи во постоечкиот политички поредок и почнал да повикува за негово соборување. Иако во септември 1789 година скоро секој сметал дека Националното собрание и Париската Комуна биле институциско отелотворување на Револуцијата, Мара гласно настојувал дека двете владини тела биле ''непријатели'' на Револуцијата. Тој го предвидел доаѓањето на „втора револуција“ бидејќи политичката доминација на богатството во сегашниот систем им оневозможила на сиромашните да остварат општествена правда со мирни средства. ''Санкилотите'' веќе успешно се побуниле против благородништвото. Зошто тие исто така не би востаниле со оружје против богаташите?
 
''Ami du peuple'' многу бргу почнал да се одвојува од конкурентните револуционерни весници. Спектарот на мислење меѓу нив се протегал од оние кои верувале дека востанието од 14-ти јули ја завршило Револуцијата и оние кои верувале дека Револуцијата била во почетна фаза. ''Ami du peuple'' припаѓал на вториот крај од спектарот, додека повеќето други припаднале некаде меѓу двата пола. Весникот на Мара според тоа почнал да привлекува внимание, како од радикализирачката јавност така и од новата власт која сè повеќе била посрамотувана на неговите страници. За помалку од две седмици откако весник почнал да се издава, Мара веќе успеал да ја разбесни општинската влада и на 25-ти септември уште еднаш добил покана да се појави пред советот на градот.
 
Најнатежнувачкото политичко прашање во тој момент била цената на лебот. Лебот бил главен продукт во исхраната на ''санкилотите'' а со остриот пораст на неговата цена имало опасност голем број на луѓе да гладуваат и веројатно да умрат од глад. Во париските посиромашни реони избувнале побуни и насилни демонстрации во врска со цената на лебот. Париската Комуна организирала Комитет за прехрана за да справи со кризата. Мара ја ужаснува градската власт опишувајќи го нејзиниот Комитет за прехрана не како дел од решението туку како главен дел од проблемот. Тој го обвинил за заговор со еснафот на млиновите и кралскиот министер за финансии, Жак Некер, дека трупат зрна за да ја присилат цената на лебот да порасне многу високо. Тој ги обвинил мелничарите како алчни профитери и го обвинил Некер, на кого тој одушевувачки му ракоплескал само пред неколку месеци, дека го измислил заговорот за да ја дискредитира Револуцијата и на крајот да ја уништи.
 
Советот без сомнение имал намера да побара од Мара да престане со својата распалувачка реторика. Кога тој пристигнал му било кажано да почека во претсобјето. Часови подоцна, на полноќ, бил информиран дека советот нема да го види тој ден, туку дека тој треба да се врати следниот ден, а Мара и така направил. Откако поминал уште еден цел ден во чекалната, сепак, му било кажано уште еднаш дека тој ќе треба да се врати следниот ден.
 
Иако Мара знаел дека бил повикан таму за да биде нападнат, тој испланирал да ја смени ситуацијата во свој прилог кажувајќи му на советот на градот како да се исчисти од предавничките елементи. Тој имал причина да верува дека делегатите од помалку богатите реони ќе го бранат и ќе ги земат предвид неговите обвинувања сериозно. Но, откако поминал два дена седејќи во чекалната, на Мара му било доста од нивните маневри. Наместо повторно да се враќа, трет ден по ред, тој решил да се обрати јавно. Објавил отворено писмо до градскиот совет во бројот од 28 септември на ''Ami du peuple'', изразувајќи го своето разочарување што не му било дадена можноста да се обрати на собранието. Тој рекол дека собранието требало да ги ислуша неговите обвинувања и да делува според нив. И за да го истакне својот презир кон градскиот совет, тој дал споредба за нивната важност:<blockquote>Јас сум окото на народот, а вие најмногу што можете да бидете сте неговиот мал прст.<ref>{{Наведена книга|title=Lettre aux reprеsentants de la Commune|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=|year=September 25, 1789|isbn=|location=Paris|pages=104}}</ref></blockquote>
Градскиот совет веднаш одговорил наредувајќи Мара да се појави пред него таа вечер, и овојпат тој бил примен без да мора да чека. Претседателот на собранието побарал Мара или да ги конкретизира своите обвинувања или да ги повлече. Мара ги дал само истите воопштени обвинувања кон Комитетот за прехрана кои се појавиле во неговите статии. После бесна конверзација, она што се случило потоа е вообичаено. Не било побарано отштета од Мара – што тој го протолкувал како притаено признание дека неговите обвинувања биле точни – и едноставно му било допуштено да си оди.
 
Овој судир му дал уште едно издигнување на растечкиот углед на Мара како претставник на малите луѓе против општествената елита, вклучувајќи ја ''новата'' општествена елита која се издигнала со Револуцијата. Како што изминувало времето, неговите читатели му давале сè повеќе „важни информации“, овозможувајќи му да дава уште поточни обвинувања. Издигнувањето на Мара од непознатоста отпочнало.
 
Во септември 1789-та почнува со издавањето на неизмерливо популарниот ,,L’Ami du Peuple‘‘. Маратовиот весник ја будел работничката совест, поттикувал револуционерна енергија, додавал максими, ги формулирал народните барања. Аристократијата и крупните капиталисти многу бргу го увиделе во него својот најопасен непријател, а веќе во 1789 година претседателот на париската општина наредил да се уапси Мара. Принуден да се крие и по неколку пати на ден да го менува склоништето, Мара наоѓал сила и можности да не го прекинува издавањето на „L’Ami du Peuple“.<blockquote>Водејќи цело време војна против предавниците на татковината, огорчен од нивните гадости и суровости, јас им ги симнував маските, изложувајќи ги разголени пред светот, ги засрамував. Го презирав нивното клеветење, нивните лаги, нивното навредување. Но, не се плашев од нивната одмаздољубивост, од нивниот гнев… Мојата глава беше уценета. Пет лути шпиони, кои ме пратеа во чекор, и две илјади платени убијци ни за миг не можеа да ме натерат да го измамам својот долг. Да би ги избегнал ударите на убијците, јас се осудив на''живот во илегалност''. Понекогаш против мене се кревани батаљони од платеници. Принуден да бегам, лутајќи по улиците среде ноќ, не знаејќи понекогаш каде да прибегнам, проповедувајќи го меѓу мечови делото на слободата, бранејќи ги угнетените, спремен да си ја ставам главата на трупец, јас од сето тоа постанав уште пострашен за угнетувачите и политичките никаквеци.</blockquote>Мара сметал дека целта на неговиот весник е учењето на народните маси да ја користат слободата, да им ги<blockquote>објаснува на граѓаните нивните права, да им влева волја да ги користат овие права, храброст да ги бранат, смелост да се одмаздуваат на оние кои ги газат. Смислата на слободата е во тоа таа да му помогне на народот да се запознае со злоупотребите на своите претставници и да им пружи можност поради тоа да ги казни; смислата на слободата е во тоа да ги научи луѓето да се покоруваат само на правичните и мудрите закони, а да се противат на неправичните и да востануваат против тиранските закони.</blockquote>Одговарајќи на своите непријатели, Мара напишал:<blockquote>Иако не можам да гледам како страда ситен инсект, тие сепак ми кажуваат дека сум суров. Но, мене ме обзема длабока огорченост поради нашите лажни хумани сфаќања и поради нашата длабока попустливост кон секој наш суров непријател. Ние сме глупаци поради тоа што забораваме да се чуваме од нивните удари. Ако било кога тие добијат надмоќ спрема нас, погледајте ги тогаш како, носејќи оган во едната и меч во другата рака, ги пустошат регионите и просто ги убиваат сите родољубци, ги убиваат нивните жени и нивните деца, а градот го препуштаат на пламени јазици.</blockquote>Порано од сите останати револуционери тој сфатил на какви крупни тешкотии ќе мора да наидува револуцијата. Тој исто така го предвидел одметнувањето на крупните капиталисти од народот и нивниот иден сојуз со реакцијата. Тој барал така да се измени Уставотворното собрание што да постане извршител на народната волја, барал општо изборно право за народот, барал избирачите да им даваат на своите претставници одредени наредби и да можат да ги отповикуваат ако не постапувале по народните барања.<blockquote>Револуцијата ја спроведоа само ниските општествени класи: работници, занаетчии, ситни трговци, селани – со еден збор, оној низок слој, таа сиротиња која богаташите ја нарекуваат отпад (canaille).</blockquote>
 
Во септември 1789 година Мара го поддржал барањето на пратеникот Жак-Иганациј Гилотин да се отфрли предлогот на Мирабо, Таргет, Клермон-Тонер и Лали Толендал за правото на вето на монархот на законите што ќе ги донесува Законодавниот дом. Мара сметал дека ветото на монархот е неприфатливо, оти Законодавното собрание е претставник на народниот суверенитет, на волјата на народот: „Само тоа може да ги анулира законите што ги донело“.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques 1789-1793, Tome I|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1989|isbn=|location=Bruxelles|pages=120}}</ref>
=== Настаните од 5 и 6 октомври 1789 ===
Мара на страниците на својот весник ''L’Ami du Peuple'' објавил колумна под наслов ''Извештај за заговор против татковината''. Во неа било објавено писмо, датирано четврти октомври 1789, во кое со негодување е прикажано оргирањето на офицерите во Версај. „Вие се покажавте достоинствен да ви се верува од чесните граѓани“, пишува авторот на писмото. „Вие сте единствениот кој ги разоткри сите предавнички заговори. Помогнете ни со вашите совети“. Мара на ова писмо отворено одговорил. Од страниците на својот весник тој упатил повик до народот на Париз: <blockquote>„…Не смее да се изгуби ни еден момент“, пишува ''Пријателот на Народот'', „сите чесни граѓани треба да се соберат со оружје в раце. Треба да се испрати одред доволно силен за да го собере сиот барут во Есон. Секој округ треба да земе пушки од локалните управи. Народната полиција е доволно свесна да разбере дека таа не смее да оди одвоено од своите сограѓани“. </blockquote>Мара гласно го рекол она што тајно или несвесно им се вртело во главите на многу луѓе. Тој воскликнал: „Вооружете се, па во воен поход тргнете кон Версај!“ Каква улога одиграл во тие незаборавни денови Мара? Познато ни е само тврдењето на Камиј Демулен, кој напишал во својот весник ''Histoire des Révolutions de France et de Brabant'' за Маратовата улога: „Мара јуриша во Версај, се враќа како молскавица и крева сам толкава врева како сите труби на денот на страшниот суд, довикувајќи ни: „О, мртви, пробудете се!“ Наспроти силниот ефект кој сакал да го створи Демулен, неспорно е дека Мара не само што на страниците на својот весник се јавил со повик да се оди на Версај туку и дека лично учествувал во настаните на 5 и 6 октомври.
 
Во ноември 1789 година, Мара пишувал против предлозите на Таргет за воведување на слободниот мандат на ниво на дистриктите, арондисманите и на национално ниво. Слободниот мандат го сметал за неприфатлив, бидејќи избраните претставници можат да се осамостојат и да работат против интересите на народот. Слободниот мандат оди на рака на „опресијата и тиранијата“.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques 1789-1793, Tome I|last=Marat|first=Јеаn-Paul|publisher=Pole Nord|year=1989|isbn=|location=Bruxelles|pages=406}}</ref>
 
=== 1790 ===
Не го поштедувал ниту Лафаjет, во времето кога бил Генерален командант на полицијата во Париз. Во јануари 1790 година му напишал писмо, обвинувајќи го дека ја злоупотребува националната доверба што ја има како воен генерал и командант на Париската полиција. Не стравувајќи од неговиот авторитет, му укажувал дека се однесува како „генерал-играчка“, како командант кој париската полиција ја става во служба на непријателот, спротивставувајќи ги „граѓаните едни против други, потпалувајќи ја граѓанската војна“.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques 1789-1793, Tome I|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1989|isbn=|location=Bruxelles|pages=553}}</ref>
 
Од егзил во Лондон, во мај 1790 година, пишува студија против Жак Некер, министер за финансии. Познавајќи го петнаесет години, уште од времето на првото министерствување, по смената на Тирго, со горчина од странство, констатира дека  неговата политика, како прв министер во владата на Луј XVI, не значи ништо друго освен ,,несреќа на населението, глад и немаштија“.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques, II|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1991|isbn=|location=Bruxelles|pages=695}}</ref> Во 1790-та, Мара е присилен да пребегне во Англија по објавувањето статии против министерот за финансии Некер. Мара остро ја осудува висината на францускиот јавен долг предизвикана од лудоста на ануитетите, под водство на министерот за финансии од доцните 1770-ти, Жак Некер.
 
Во исто време пишува и писмо до претседателот на Уставотворното собрание, критикувајќи ја бавната работа на  Комитетот за подготовка на уставот. Пишува дека е веќе три месеци во Лондон и дека е разочаран што не може да биде од полза за татковината. Бара од претседателот да ја поттикне работата врз Уставот и де преземе итни  мерки за попречување на Комитетот за уставот да стане „аполитичен орган“.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques, II|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1991|isbn=|location=Bruxelles|pages=718}}</ref>
 
Во јуни 1790 година пишува за говорот на Мирабо, по повод смртта на Бенџамин Франклин, оценувајќи го како „опасен говорник, со патриотска маска“. Мара го оспорува патриотизмот на Мирабо, поради поддршката на воениот закон и слободниот мандат на пратениците: „Со еден збор, тој е без сомнение противник на политичката слобода“.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques, II|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1991|isbn=|location=Bruxelles|pages=897}}</ref>
 
На 24 јуни 1790 година му напишал писмо на Камиј Демулен, во врска со уставот што се подготвува подолго време во Уставотворното собрание. Во писмото пишува дека „еден вистински слободен устав“ мора да обезбеди услови „сите закони да бидат поддржани од народот“, односно да се создадат такви претпоставки кои ќе овозможат да дојде до израз „националниот дух“, преку консултација на народот за „сите основни прашања“. Нарекувајќи го Демулен „брат по оружје“, писмото го заклучува со зборовите дека „ништо не треба толку да триумфира колку среќата на народот“, како и ништо друго не смее да биде толку свето колку правата на граѓаните и интересите на народот.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques, II|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1991|isbn=|location=Bruxelles|pages=950}}</ref>
 
=== ''„На оружје или готово е со нас!“'' (26 јули 1790) ===
[[Податотека:Marat persécuté par ls royalistes, rédigeant dans une Cave, son journal l'ami du Peuple (BM 1898,0527.111).jpg|мини|''Мара се крие од ројалистите и работи во визба''; на оваа литографија од 1851 година, тој е прикажан како стои до импровизирана маса на која има копија од неговиот весник ''L'Ami du peuple'', држејќи писмо во левата рака, а десно, векна леб на грне и дрвена врата.]]
Во јули 1790 година Мара ги известил граѓаните на Париз за опасноста од контрареволуцијата, повикувајќи ги да се запишат на листа на доброволци, подготвени во секој момент да им се спротивстават на оние што ја загрозуваат револуцијата. Авторот на писмото побарал поврзување на патриотите, меѓусебно информирање за тоа што се случува во земјата и заедничка борба со сите средства, убеден дека граѓаните со свои сили можат да ја заштитат Франција во целост, независно од каде доаѓа опасноста.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques, II|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1991|isbn=|location=Bruxelles|pages=1093}}</ref>
 
Многу противници на Мара ексцерптираат еден пасус од историскиот контекст на овој памфлет и го злоупотребуваат со цел да го дискредитираат Мара како крвожедник наспроти неговата карактеристика на предострожност и благоразумие за заговорите на странските сили чија контрареволуција е олеснета од внатрешните непријатели (кралскиот кабинет од министри, градоначалникот Баљи, командантот генерал Лафајет и др.). Во овој памфлет Мара дава три точни обвинувања. Првото се однесува на заговорот на М. Маљбоа, кој бил обвинет за комитетот за истражување на општина Париз од Масо-Гран Мезон. Ова било проект за да се врати гроф д‘Артоа во Франција и да му се овозможи да ја поврати контролата над земјата. Второто обвинување е насловено ''Обвинување премногу сериозно против општинскиот комитет за истражување'' во кое Мара обвинува дека комитетот бил известен после шест седмици за аферата околу гроф д‘Артоа, дека не направил ништо да го спречи ова и дека ги игнорирал наредбите на националниот комитет. Третото обвинување носи наслов ''Скорешни новости'' и објавува дека виенскиот дворец побарал од кралот слободно поминување на трупите на територијата на Франција. Мара дискутира исто така како воениот комитет ги растурил фронтовите на патриотски батаљони. И како заклучок Мара во одделот ''Повик до сите граѓани'' ги наговара да се вооружат како на 14 јули и 5 октомври 1789. „Пишував така“ повторува Мара „бидејќи не сакав да гледам како спие народот“ додека беснеат масакри, војни и бескрајни контрареволуционерни уништувања кои го унесреќуваат. За Мара, генерал Лафајет е „злосторничка кукавица, виновен за злоупотреба, кој не заслужува доверба кај народот, предавник на својата татковина“. Мара го знаел многу добро предизвикувачкиот карактер на својот памфлет. Извадоков е сместен во почетокот на памфлетот: „Јас го знам тоа, дека мојата глава е уценета, од никаквеците кои ги водат државните работи; петсто полицајци ме бараат ден и ноќ. Па добро! Ако тие ме фатат, ќе ме заколат и ќе умрам како маченик на слободата. Никогаш нема да се каже дека татковината пропаднала и дека пријателот на народот бил во кукавички молк.“
 
Во август 1790 година пишува за непријателите на револуцијата и ги повикува Французите да ги отворат очите, да видат дека аристократијата е опасна за татковината и за револуцијата. Кажува дека на страната на левицата е само срцето, но не и оружјето и власта. Во ноември истата година забележал дека и Камиј Демулен подзастанал и дека се оддалечува од ревoлуцијата, чекор по чекор. Побарал да се слушне гласот на „трубите“, да се разбуди нацијата, да станат граѓаните на нозе и „Французите да ги отворат очите“.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques, II|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1991|isbn=|location=Bruxelles|pages=1250}}</ref>
 
=== Масакрот во Нанси (31 август 1790) ===
Револуцијата ја олеснила положбата на војниците во војската. Тие почнале да создаваат свои организации и да бараат отчет од своите офицери за финансиското трошење кое е одредено за нив. Поради тоа отпочнале судири во многу полковски штабови меѓу офицерите аристократи и војниците. Во 1790 година војниците од гарнизонот во градот Нанси побарале од своите офицери да им дадат отчет. Овие не сакале да го направат тоа. Тогаш војниците ја презеле полковската каса. Делегација од осум луѓе заминала во Париз да се жали поради суровоста на старешините. Уставотворното собрание ја уапсило делегацијата. Тоа издало наредба со која ги осудило нансиските војници поради тоа што ја прекршиле дисциплината. На гарнизоните од соседните градови им било наредено да ги смират побунетите војници. Лафајет издал наредба по која народната гарда требала да делува против побунетиот гарнизон. Меѓутоа, судирите во Нанси веќе се смириле. Повеќето војници потпишале „акт на покајување“. Но, буржоазијата и реакционерните офицери сакале да се пресметат со војниците кои тежнееле да воведат демократски односи во војската. Во Нанси била испратена војска. Таа извршила колеж не само врз војниците туку и врз градското население. ''Три илјади граѓани'' биле убиени – тоа бил резултатот на нансискиот колеж по наредба на генерал Лафајет. Кралот „кој не сакал жртви и крв“, како и собранието, ја искажале својата благодарност до оние кои го смириле нансискиот гарнизон. Само Мара, Пријателот на Народот, кренал глас на негодување против ова злосторство.
 
Во декември 1790 година Мара прави план за ликвидација на контрареволуиционерите во сите места од кралството. Бара од граѓаните да бидат внимателни, да дејствуваат јавно и да ги посочуваат непријателите, да им дадат до знаење дека не стравуваат од нив. Егзекуцијата на контрареволуционерите ја сметал за „единствено средство за спас на татковината и за заштита на животите на три милиони граѓани“.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques, Tome III|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1993|isbn=|location=Bruxelles|pages=1921}}</ref>
Во 1790-та, Мара е присилен да пребегне во Англија по објавувањето статии против министерот за финансии Некер. Мара остро ја осудува висината на францускиот јавен долг предизвикана од лудоста на ануитетите, под водство на министерот за финансии од доцните 1770-ти, Жак Некер.
 
=== 1791 ===
Во март 1791 година пишува за антиреволуционерите во армијата, предводени од Луј XVI. Од тој момент Мара постојано го набљудува францускиот крал што прави, откривајќи ги неговите врски со европските монархии и заговорот што го правел против револуционерните сили. Мара ќе биде и првиот политички публицист кој ќе го наговести бегството во странство на францускиот крал во јуни 1791 година. Постојано, кралот го сметал за непријател на Револуцијата, означувајќи го како „голем денунцијатор на конспирацијата против политичката слобода“.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques, Tome IV|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1993|isbn=|location=Bruxelles|pages=2436}}</ref>
 
Во април 1791 година, Мара пишува за „молитвениот погреб на Мирабо“, обраќајќи му се на народот со следниве зборови: <blockquote>Народе, молете се на господ, вашиот опасен непријател е штотуку погребан. Рикети веќе го нема. Тој е жртва на сопствените предавства…Тој се покажа како најголем монархист, оној што го поддржал воениот закон, суспензивното вето, оној кој бил иницијатор на војната, на независноста на делегатите од нацијата, оној кој ја овозможил емиграцијата, во договор со конспираторите.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques, Tome V|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1993|isbn=|location=Bruxelles|pages=2650}}</ref></blockquote>
 
=== Ле Шапељеовиот закон од 14 јуни 1791 ===
Ред 108 ⟶ 164:
== Мара во Националниот Конвент ==
[[Податотека:Портрет на Мара од Жозеф Боз.jpg|мини|''Портрет на делегатот Мара'' од Жозеф Боз, 19-ти век, (72,5 x 47,5 cm)]]
 
 
Мара бил избран во Националната конвенција во септември 1792 година како еден од 26 пратеници на Париз, иако тој не припаѓал на ниту една партија. Кога Франција била прогласена за Република на 22 септември, Мара го преименува својот весник ''L'Ami du Рeuple'' во ''Le Journal de la République française'' (''Весник на Француската Република''). Дотогашното мото на весникот ''Vitam impendere vero'' (Да се жртвува животот за вистината) било заменето со ново мото ''Ut redeat miseris, abeat fortuna superbis'' (Богатството треба да премине од моќните кај сиромашните). Неговиот став за време на судењето на соборениот крал Луј XVI бил единствен. Тој изјавил дека било неправедно да се обвини Луј за било што пред неговото прифаќање на францускиот Устав од 1791 година, и иако несомнено, рекол тој, верувајќи дека смртта на монархот ќе биде добра работа за народот, го бранел Гијом-Кресјан де Ламоањон де Малешерб, советникот на кралот, како „''sage et respectable vieillard''“ („мудар и почитуван старец“). На 21 јануари 1793 година, Луј XVI бил гилотиниран, што предизвикало политички превирања. Во бр. 105 од ''Le Journal de la République française'' по повод егзекуцијата на поранешниот монарх Мара напишал'':''<blockquote>Главата на тиранинот само што падна под мечот на законот; истиот удар ги турна темелите на монархијата меѓу нас. Конечно јас верувам во републиката. ... Егзекуцијата на Луј XVI, далеку од тоа да го вознемири мирот на државата, ќе служи само за да го зајакне, не само зафаќајќи ги внатрешните непријатели со терор, но исто така надворешните непријатели. Егзекуцијата на тиранинот исто така ќе ѝ даде на нацијата нова сила да ги притисне назад свирепите орди на странските верни следбеници на тиранинот кои би се осмелиле да земат оружје против неа. Бидејќи нема враќање назад и ова е положбата во која ние се наоѓаме денес: ние мораме да победиме или да погинеме, очебијна вистина која Пјер-Жозеф Камбон ја укажа во возвишена слика кога тој рече на говорницата пред два дена: „Конечно ние пристигнавме на островот на слободата и ние го запаливме бродот кој нè донесе овде.“</blockquote>
Ред 140 ⟶ 195:
 
Заради Кордејското убиство на Мара, монтањарците се предизвикани да ги затвораат и егзекутираат останатите жирондисти во почетокот на Владеењето на теророт. Мара е погребaн во Пантеон, а потоа во 1794 год. е пренесен на гробиштата Saint-Étienne-du-Mont. За време на затворањето на овие гробишта, неговите останки се фрлени на јавно место. Гробиштата не постојат повеќе и според тоа нема повеќе гроб за Мара.
 
<br />{{Нормативна контрола}}
== Политичката мисла на Жан-Пол Мара ==
Жан-Пол Мара, под влијание на Жан-Жак Русо, е поодреден во предвидувањето на Француската револуција од 1789 година од Шарл Луј Монтеские, Франсоа Волтер и другите просветители. За разлика од нив, отворено и гласно, дваесет и пет години пред време, го употребувал зборот „револуција“, тврдејќи дека злото е во самите нешта, дека „лекот мора да биде силен“ и дека „мора да се удри по коренот“. Од четири илјади објавени книги пред 1789 година, неговите се најзабележителни по јасноста на повикот на народот на вооружено востание.
 
Тврдел дека народот има право да стане против оние што го оковале во ропски синџири, дека востанието е највисок чин и најголема обврска и дека народот може да се ослободи само со сопствени сили, не чекајќи помош од другите. Пред Оноре Балзак ја разоткрил страотната власт на златото и парите, пред физиократите ги нападнал шпекулантите, преварантите, банкарите и сите други алчни за профит и пред сите јакобинци ја предвидел нужноста од револуционерен терор во Франција.
 
На дваесет и осум години од животот ги определил своите политички ставови на кои им останал верен до крајот на животот, станувајќи најголем револуционер-илегалец во историјата на Франција. Деспотизмот го сметал за „смртен непријател на народот“, поради што со гнев пишувал за најмоќните владетели во неговото време, критикувајќи ги без страв и Волтер и Дидро, поради нивните славопојки за владеењето на Фридрих Пруски и Катерина II.
 
Во исто време го критикувал и народот поради тоа што недоволно го користи правото на востание, што толку многу стравува од деспотската власт и што лекомислено ја прифаќа тиранијата. Политиката ја сметал за наука која има сопствени поставки, закономерности и безброј комбинации. Барал секое решение да се проучи трезвено, да се промисли длабоко и да се утврди тактика за негово остварување во практиката.
 
Битно влијаел врз Француската револуција од 1789 година, пристапувајќи кон неа како практичен политичар, заземајќи ја радикалната страна, најблиската до идеологијата на санкилотите и гневните. Бил уредник и издавач на весникот „Пријател на народот“ (l’Ami du Peuple) во првите три години од Револуцијата, а потоа и на весникот „Новинар на Француската Република“, сè до неговото убиство во јули 1793 година.
 
Мара се сметал себе си за пријател на народот и за вистински граѓанин на парискиот дистрикт Корделиери. Така се претставувал пред пошироката јавност и така се потпишувал под текстовите што ги пишувал, сакајќи да им даде до знаење на неговите противници дека води исклучиво грижа за интересите на народот и дека по своите убедувања е вистински граѓанин, жител на најнапредниот дистрикт на Париз.
 
Поистоветувањето на Мара со народот започнува уште за време на неговиот престој во Лондон, кога го пишувал делото „Ропските синџири“. Но, отворено станал пријател на народот и вистински граѓанин, кога во септември 1789 година започнал да го издава весникот „Пријател на народот или вистински граѓанин“ (''L’ami du peuple ou le vrai citoyen''). Со извесни прекини, весникот излегувал до 22 септември 1792 година, кога официјално се воведува Првата Република на Франција и кога во сила стапил републиканскиот календар за ново мерење на времето. Оттогаш па до смртта, Мара го уредува весникот, „Републикански публицист“, непрестанувајќи и натаму да се претставува како пријател на народот.
 
Припаѓањето на народот Мара го сметал за своја трајна определба и како човек и како мислител. Како човек сочувствувал длабоко со тешката положба на народот, а како мислител сметал дека секоја добра држава мора да има пријателски однос кон народот, да има пријателска насмевка, а не „бирократска гримаса“, како што е случај со голем број современи држави.
 
Пријателскиот однос кон народот го покажувал нагласено во текот на револуцијата, следејќи ја работата на Уставотворното собрание, на министрите и на одделни личности со поголемо влијание врз тековните настани. Секогаш кога забележувал дека се предлага нешто што е против народот или ако се користи сила против народните бунтови, ако некој министер со конкретни мерки ги штити само интересите на крупната буржоазија или некој кова завера против револуцијата, Мара пишувал анализи и писма, му се обраќал непосредно на народот и барал од него непосредна акција. Останал пријател на народот засекогаш, без оглед на околностите и опасноста за неговиот живот. Во тоа се состои и неговата најголема вредност, високо вреднувана и од младите поколенија на XXI век, вклучувајќи ги и македонските.
 
Знаел за себе да каже отворено и пред најшироката јавност: „Јас сум стражар на слободата, јас сум око на народот“. Бил јакобински, кордиљерски и монтењарски водач,  пратеник во Конвентот и непосреден учесник во клучните настани на Револуција. Како поддржувач на „револуционерната влада“, барал остра пресметка со жирондинците и сите други кои не го прифаќале Конвентот како „орган на револуционерната диктатура“. Од него потекнал предлогот да се формира Комитетот за јавен спас и да не се прават никакви отстапки на контрареволуцијата. Се смета за најголем противник на жирондинците и на оние што подзастанувале во пресметката со непријателите, што не оделе напред.
 
Се залагал за социјалната содржина на револуцијата, барајќи новата државна власт да покаже пријателски однос кон сиромашните. Пишувал за оние кои ништо немаат, а ги критикувал оние што имаат сè. Се залагал за отварање јавни работилници во кои треба да се вработуваат невработените лица, како би можеле со свој труд да си го обезбедат опстанокот, без да чекаат социјална помош од другите.
 
Мнозина го сметале за идеолошки водач на санкилотите и за главен организатор на јакобинскиот терор. Бил под влијание на Мелије, Монтескије, Русо и Мабли, а најмногу соработувал со Робеспјер и Сен-Жист. Подолго време соработувал и со Дантон и Демулен, пред да подзастанат во нивната борба против жирондинците. Во историјата на политичката мисла оставил траги на исклучителен револуционер, политички публицист и посветен пријател на народот.
 
Револуцијата ја сфаќал на едноставен начин: „Спротивставување на угнетувањето – тоа е револуција, тоа е востание“. Се смета за предвесник и на Февруарската револуција од 1848 година, залагајќи се за социјалните права на работниците и нивно излегување на политичка сцена како „четврти сталеж“. Од десетмината најпознати личности на Француската револуција најмалку се пишува за него како позитивна личност. Во трудовите на Елизабет и Роберт Бадентер продолжува и натаму неговото омаловажување како научник: „La fausse science de Marat“, омаловажување кое е побиено од страна на Клифорд Конер во неговата книга ''Jean Paul Marat: Scientist and Revolutionary'' (1997).{{Нормативна контрола}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Мара, Жан Пол}}
[[Категорија:Француски револуционери]]