Јордан Хаџи Константинов-Џинот: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Извори: Надворешна врска.
→‎Дела: Нови податоци во фуснота.
Ред 20:
Јордан Хаџи-Константинов Џинот четири децении работел на воведување на просвета на народен јазик како писател и сестран творец од областа на културата. Прво дело му е “Таблица перваја” внесена во употреба во [[1845]] година, кое служело како учебно помагало при основното описменување на учениците. Составил две збирки на афоризми. Во првата збирка сите афоризми почнуваат со зборот “човек”, а втората содржи 34 мисли за човекот, животот и светот. Џинот две децении пишувал стихови за одредени поводи и потреби. Во нив ги воспевал образованието, просветата, убавината, слободата, патриотските чувства и сопствената биографија. Негови дела се: “''Плач на скопското училиште многотрудное''” (објавена во „Цариградски весник“ во 1851 година) во која се зборува за неговите напори за отворање на училишта и борбата со гркоманските свештеници и чорбаџии; “''Дионис Вакхо''” ; “''Труд ми е името''”, која е вистинска [[апотеоза]] на трудот; “''Рај божји''”; “''Аврора''” во која се воспеваат патриотските чувства и патриотската функција на просветата; “''Крај реката Вардар''” и “''Горка чаша кнеза Лазара последна тајна вечера''”, која е една од најдолгите песни во [[Македонија]] од овој книжевен период. Драмските обиди на Џинот се првите од овој вид во македонската книжевност. Нив ги изведувале неговите ученици од Скопското училиште во дворот на црквата [[Света Богородица]]. Тоа се “''Миневра и девет музи''”, “''Разговор или прави человек''”, “''Училиште и учение''”, “''Басна''”, “''Сербија шетаетсја в земел своих''”. Првите четири од наведените драмски обиди отпечатени се во “Цариградски весник”, а во драмите „''Минерва и девет музи''“ и „''Сербија шетаетсја в земел своих''“ ја изразуваат неговата идеја дека ослободувањето од долговековното турско ропство и од духовното туторство на грчката црква лежи во македонското национално единство и слободната соработка на словенските земји. Џинот исто така се занимавал и со преведувачка дејност, со собирање на народни умотворби и лексички материјал. Намерата да издаде повеќе јазичен речник не успеал да ја реализира. Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител заедно со [[Кирил Пејчиновиќ]] и [[Јоаким Крчовски]].
 
Во "''Цариградски весник'' од [[1855]] година," Јордан Хаџи-Константинов - Џинот многу пати се изјаснува како [[Бугари|Бугарин]], а [[Македонци|Македонците]] во целост ги определува како [[Бугари]].<ref>[http://www.promacedonia.org/bmark/jhk/jhk_1.htm#2 "Цариградски вестник”, 21 юли 1851]: ''"Аз оживуейки, и живим, като се услаждавам, гледая народът наш пресладкий, и ради това не мя остава неговата доброта да будем лукав. И ако ме пита някой — школски человек ли си, или болгарин? Аз полноответам: болгарин съм."'' "Цариградски весник", бр. 44 од 1855 година: <br />''"Нека служим роду моему, ако е и за крива Бога. Не е честно мене Болгарину да отчаявам и да вракям зло за зло. Болгарин прави и верни и благородни човек, Болгарин е любитель всякое добро, Болгарин е срамота да се отричува от своя род и язык, той Болгарин, който родо свой си хули името му е ни ден ни нощ. Аз сам Болгарин, плачем за нашите изгубени болгаре, които са во Долна Мисия, затова сдолжни сме да ся жертвуваме за бракята наши пресладкии болгари. многоревностнии Юрдан х. Константинов"'' [http://www.promacedonia.org/bmark/jhk/jhk_2.htm#15 "Цариградски вестник”, 1 януари 1859]: ''"Дебр е с два народа населен, т.е. болгари и арнаути. Дебрските болгари са зоват мияци, защо наречие нихно совсем разнствува от наречие на охридски и крчовски болгари."''</ref>
 
== Објавени книги ==