Пелагонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник Уредување од прилогот за Андроид
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник Уредување од прилогот за Андроид
Ред 102:
[[Податотека:Pelagonia-Bitolsko Pole.jpg|мини|250п|лево|Битолско поле - средишен дел на Пелагонија]]
 
Пелагониската Котлина, која претставува најголема рамница во РепубликаСеверна Македонија, Преспанскиот езерски басен, како и специфичните климатски услови и поволната хидрографска мрежа се основни предуслови за развој на земјоделството во
овој регион. Токму од овие причини, овој регион е житница на РепубликаСеверна Македонија и најголем производител на тутун, јаболка, но и најголем млекопроизводител. Пелагонија претставува најголема житница во [[Македонија]]<ref>МАКЕДОНСКА енциклопедија. Том II, MАНУ, Скопје 2009. стр.1129</ref>. Во Пелагонија се остваруваат најголемите приноси на пченица и пченка во државата, а покрај нив од житните култури во значаен обем се одгледуваат и јачменот, овесот и 'ржта. Пелагонија е исто така и најголем производител на индустриските култури како тутун, сончоглед, шеќерна репка во [[Северна Македонија]]<ref>МАКЕДОНСКА енциклопедија. Том II, MАНУ, Скопје 2009. стр.1129</ref>. Целата котлина, а особено Прилепското Поле, претставува најголем производител на тутун во [[Република Северна Македонија|Северна Македонија]] и на Балканот. Од другите индустриски култури најзастапени се шеќерната репка, сончогледот и фуражните култури за сточна храна како детелина, луцерка, крмната пченка итн. Во повлажните предели со повеќе вода, по течението на [[Црна Река]], особено во западните предели на Прилепското и Битолското Поле во селата [[Бучин]], [[Обршани]], [[Бела Црква]], [[Кукуречани]], [[Могила]] во големи количества се одгледуваат кромид и пиперки (црвени-ајварки и зелени). Во западниот дел на Битолското Поле во подножјето на планината [[Баба (планина)|Баба]] во селата [[Буково]], [[Бистрица]], [[Лажец]], [[Породин]] се одгледуваат многу пиперки, особено од позната сорта на црвена пиперка со тенка лушпа која ситно се меле и се -прави познатиот зачин ''буковец''. Овоштарството и лозарството се застапени во помала мера, а претежно околу [[Битола]] и западниот дел на Битолското Поле.
[[File:Sonchogledi-vo-Pelagonija-MK.JPG|thumb|250px|Сончогледово поле во Пелагонија]]
Сточарството во Пелагонија е исто така доста развиено. Најразвиена гранка е краварството, особено во рамничарскиот дел на Битолското Поле и по течението на [[Црна Река]] каде што има голем број на тревнати ливади-утрини погодни за напасување на кравите. Покрај краварството се одгледуваат и голем број на овци, претежно во источните и северните предели кон [[Даутица]], [[Селечка Планина]] и [[Мариово]]. Козарството е застапено во најмала мера во крајниот северен дел на Прилепското Поле во подножјето на [[Даутица]] и [[Бабуна (планина)|Бабуна]]. Поради големиот број на крави и овци, во Пелагонија се произведува и најголемиот дел од млекото во [[Северна Македонија]]. Млекарството е застапено со повеќето млекарници „ИМБ Битола“, „Идеал Шипка“ кои се најголемите производители на млеко и млечни производи во Северна Македонија како и бројни други помали приватни млекарници итн. Поради одличните услови, во Пелагонија во голема мерка е застапено и свињарството при што голем број на домаќинства одгледуваат свињи, а во селото [[Породин]] се наоѓа и една од најголемите свињарски фарма во државата во сопственост на ЗИК „Пелагонија“.
 
[[Податотека:Pelagonia-Bakarno Gumno.jpg|мини|250п|Пределот Бакарно Гумно (Гладно Поле) познат како Тополчанска Греда - преод меѓу Прилепското и Битолското Поле]]
Ред 111:
Во Пелагонија најразвиена е прехранбената индустрија, а како најголема житница во Македонија, на нејзиното подрачје се наоѓаат и најголемите пекарско-мелничарски комбинати „Жито Битола“ и „Жито Прилеп“, како и повеќе приватни мелничко-пекарски претпријатија како што се „Млин Стојчев“, „Пелафино“ фабриката за тестенини. Во [[Прилеп]] се наоѓаат прехранбената индустрија „Витаминка“, Тутунскиот комбинат и Пиварницата, а во [[Битола]] се лоцирани Пиварницата, Шеќераната, фабриката за квасец и неколку млекарници итн. Доста развиена е и металската индустрија и во [[Битола]] и во [[Прилеп]], а развиени се и стакларската, идустријата за електрични апарати, градежни материјали итн.
 
Во Битолското Поле големи се резервите на јаглен, поради што работат два рудника за негово исцрпување: „Суводол“ и „Гнеотино“. Тука се наоѓа и најголемата термоелектрична централа во државата „ТЕЦ Битола“ која со своите 3 блока произведува 60% од електричната енергија во [[Северна Македонија]].
 
Од особено значење за економско-стопанскиот и индустрискиот развој на целиот регион е изградбата на Индустриската зона „Жабени“ која се протега на 85ha во близината на с.[[Жабени]], јужно од [[Битола]], како и ново-отворена индустриската технолошко-развојна зона „Прилеп“ кај селото [[Ново Лагово]], во кои веќе се изградени неколку производствени индустриски капацитети од странски инвеститори.