Владо Черноземски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување Напредно мобилно уредување
Sashko1999 (разговор | придонеси)
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување Напредно мобилно уредување
Ред 56:
{{quote|''За главен лидер на групата атентатори, Павелиќ го поставил Еуген Дидо Кватерник. Атентатори се подготвувале на Јанка Пуста во Унгарија, отаму со фалсификувани пасоши преку Австрија и Швајцарија стигнале во Франција. Во Швајцарија им се приклучил и Дидо Кватерник во придружба на Македонецот, член на ВМРО (Внатрешна македонска револуционерна организација), наречен Владо Шоферот. Впрочем, ВМРО одржувало добри односи со усташката организација поради заедничката цел - рушење на Југославија. Затоа (ВМРО б.н) испраќала свои членови како инструктори за диверзански акции. И споменатиот Владо Шоферот бил еден од нив.''|'''Хрвоје Матковиќ'''|'''Историја на Независна Држава Хрватска'''<ref name="HRVOR" /> }}
[[Податотека:Kralj aleksandar1.jpg|мини|десно|200п|Александар I Караѓорѓевиќ]]
На 19 мај 1934 година новата бугарска Влада на чело со [[Кимон Георгиев]] законски го забранила постоењето на ВМРО на Иван Михајлов, по што била растурена целата нејзина организациона мрежа на територијата на Бугарија. Поголемиот дел на нејзиното членство било уапсено, додека Михајлов заедно со Менча Карничева и неговионеговиот соработник, Петар Ацев, се засолниле во Турција. Со распуштањето на ВМРО, заинтересираните страни за тоа, посебно политичките кругови во Кралството Југославија, мислеле дека ќе престанат терористичките акции на ВМРО, посебно врз Кралството Југославија. Меѓутоа ВМРО неколку години пред нејзиното растурање, а и потоа, се поврзала со некои радикални организации во тогашната Југославија, кои се бореле против нејзиното уставно устројство и за отцепување на територии и формирање на независни држави.
 
На 20 април 1929 година како гости на Националниот комитет на македонските братства во Бугарија пристигнале водачите на усташката организација од [[Анте Павелиќ]] и [[Густав Перчец]], и овде со раководството на ВМРО било разговарано за заедничка борба против српската хегемонија во Кралството Југославија, на оваа средба била донесена Декларација за создавање на независна Македонија и Хрватска, а Павелиќ и Перчец биле прунудени да заминат во илегала бидејќи властите во [[Белград]] ги осудиле на смрт <ref name="HRVOR">[http://hr.wikipedia.org/wiki/Povijest_Nezavisne_Dr%C5%BEave_Hrvatske_(Matkovi%C4%87) Hrvoje Matković POVIJEST NEZAVISNE DRŽAVE HRVATSKE Drugo, dopunjeno izdanje Zagreb, 2002.]</ref>. Во истиот тој период македонските и хрватските емигрантски организации во Америка постигнале спогодба за соработка за нивна заедничка борба против српскиот режим во Југославија. Во [[Женева]] повторно дошло до средба помеѓу [[Анте Павелиќ]] и Иван Михајлов, каде покрај разговорите за продолжување на соработката, Павелиќ настојувал да се изврши атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во содејство на усташката организација и ВМРО, меѓутоа Михајлов изразил воздржаност.