Бугарска егзархија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување Напредно мобилно уредување
Sashko1999 (разговор | придонеси)
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување Напредно мобилно уредување
Ред 110:
К'чнов како причини за ваквите проблеми на Охридската црковна општина ги посочува: имигрираната бугарска интелигенција во тогашното [[Кнежевство Бугарија]], младите луѓе и цели фамилии, кои го напуштиле Охрид после војната.<ref>''Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 451''</ref>
 
Додека К'чнов патувал и низ [[Пиринска Македонија]] и денешна источна [[Македонија]], тој прикриено разоткрива дека тамошните Македонци претежно биле антибугарски настроени, дури повеќето гркомани или протестанти. За пиринските Македонци од [[Мелник]], К'нчов заклучува дека бил гркомански град, каде дури и дома Македонците (кои тој ги нарекува Бугари) говореле грчки. Во Мелник покрај домородните жители, најбројни во [[1894]] година биле и бегалците од [[Негуш]] од [[Егејска Македонија]], од македонското племе [[Пуливаци]].<ref>''"Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр.141''</ref>.
За христијаните Бугари во [[Петрич]]ката кааза и градот вели дека ''"имат 16 цркви, од кои во 14 се служи сега по славјански и во две по грчки, имено во малата градска и во црквата во селото [[Крналово|Крнилово]]"''.<ref>''...имат 16 църкви, от които в 14 се служи сега по славянски и в две по гръцки, именно в малката градска и в църквата на селото Кърнилово. Населението е останало много назад в образователно отношение. Едва в 10 села имаше през тази година български училища с по 1 учител, а в село Кърнилово има гръцко училище с гръцки учител.''., стр. 132</ref>.
 
[[Податотека:Methodius of Stara Zagora.JPG|лево|thumb|150px|[[Методиј Кусев]] ([[1838]]-[[1922]]), протосингел на Егзархот во Цариград и митрополит на Бугарската егзархиjа во [[Стара Загора]]]]
Ред 120:
Кога К'нчов ги запишува своите патеписи, тој наведува постојано иста бројка на т.н. "општинари", односно по 3-4 кои земале плата од [[Кнежевство Бугарија|Бугарија]]. Но, иако биле плаќани од Софија, тој вели дека нивните деца ''ги даваат на грчко образование...''
<blockquote>
„''Во [[Сер]] ([[1894]] г.) има 4 души бугарски општинари чии што жени не стапнуваат во бугарска (егзархиска) црква. Еден таков случај видов и во Неврокоп''“ .<ref>''Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 253''</ref>.
</blockquote> К'нчов увидувајќи го ова, односно немањето на бугарска свест кај македонското население, бара решение за да се оправда и во своите патеписи наведува дека македонските жени се виновни, кои во најголем број сакале и се школувале по грчките училишта од каде излегувале ''антибугарки'', со мисла дека "''сè што е бугарско е просто, долно, грубо и недоделкано''" <ref>''Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 252''</ref>. Неговите тези не држат, бидејќи македонските девојки во тоа време биле испраќани да учат по грчките училишта од нивните татковци. Децата, посебно женските во тоа време никогаш не одлучувале каде ќе го започне школувањето во прво одделение основно училиште.
 
Кај македонските митрополити се појавува голема антиегзархиската дејност. Ова го потврдува сочуваната архива на скопскиот митрополит г. [[Теодосиј Гологанов]], роден во [[Трлис]], [[Неврокоп|Неврокопско]]. Иако тој е митрополит на Бугарската егзархија во Македонија, тој е жестоко се противел на оваа црковна формација и силаната [[бугаризација]] што се спроведувала низ местата по цела Македонија. Митрополит Гологанов пишува дека
<blockquote>
„''Бугарите ја вршат најмизерната работа, го негираат македонското име и јазик и го заменуваат со ново (бугарско), со цел бугарските господари да се прошират на туѓи територии...тоа е ново ропство, потешко од турското..Турците го убиваат телото, а не духот ...Егзархијата го убива сето тоа подоцна...ние Македонците не страдаме толку од Турците, како од Грците, Бугарите и Србите кои како сакаат како волци да ја разделат намачената македонска земја...Ние македонските духовници по потекло, треба да се обединиме и да го разбудиме народот, да се отфрли странската власт, да се отфрлат дури и Патријаршијата и Егзархијата и духовно да се обединат под закрилата на Охридската Архиепископија, единствената вистинска Мајка Црква“''.<ref>''Юни 22, 1891 г. Теодосий Скопски, "Централен Държавен исторически архив" (София) 176, оп. 1. арх. ед. 595, л.5-42 / Разгледи, X/8 (1968), п.996-1000''</ref>
</blockquote>.
[[Податотека:Teodosij gologanov.jpg|десно|thumb|150px|[[Теодосиј Гологанов]] ([[1848]]-[[1926]]), наместик на Егзархот во Цариград, претставник на Егзархијата при Високата порта, митрополит во Скопје, Пловдив и Ѓумурџина.]]
 
Гологанов смета дека единствен спас за Македонците од наглата бугаризација е унијатство со [[Ватикан]]. Тој на [[1 декември]] [[1891]] година поднесува барање за Унија со [[католицизам|Римокатоличката црква]] испратена до [[Папа Лео XIII|Папата Лео XIII]]. Во своето барање тој образложува:
<blockquote>
„''во името на целиот македонски православен народ...историското право на македонски православен народ да се ослободи од јуриздикцијата на странските цркви- Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија...да се обнови Охридската Архиепископија...границите на Охридската Архиепископија треба да ги потврдат сегашните граници на Македонија''“ .<ref>''Archivio della S. Congregazione de Propaganda Fide - Roma: Indice della Potenza - Marzo 1892-93, Somm.XV, f.132-141''</ref>
</blockquote>.
По ваквата промакедонска борба Синодот на Егзархијата формирал Комисија составена од двајца членови на чело со Егзархот Јосиф I, којашто одлучила да се отстрани митрополитот Теодосиј од Скопје со помош на турската власт и да биде однесен во Цариград. Одведен е во Цариград, каде што во март 1892 г. му била одземена титулата „Скопски митрополит“.<ref>''Archivio della S. Congregazione de propagande fide – Marzo 1892-93, Somm. XV, f. 132-141''</ref> Потоа Гологанов се преселува во Бугарија и е испратен во Драгалевскиот манастир во близина на Софија. Истата година црковните власти му простиле на Гологанов и бил назначен за помошник на Пловдивскиот митрополит [[Натанаил Охридски]].