Тромбоза: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 16:
'''Тромбоза'''
згрутчувањето (коагулацијата) на крвта претставува заштитен механизам на организмот од искрвавување. Малите оштетувања на ѕидот на крвните плочки и [[крвните садови]] се затнуваат со натрупување на слепени [[крвни плочки]] и [[фибрин]]. Така настанува чеп на местото на оштетувањето на крвниот сад.
При патолошки состојби може да настане прекумерно натрупување на [[тромбоцити]]и фибрин на внатрешната страна на крвниот сад, што доведува до нарушување во крвната циркулација се до нејзиниот прекин поради затнување на крвниот сад. Тоа веќе претставува '''тромбоза'''. Во организмот е присутен и спротивен на коагулациониот, антикоагулационен механизам. Меѓу коагулациониот и антикоагулациониот систем во организмот се одржува постојана рамнотежа. На тој начин организмот е заштитен од две крајни опасности од нарушената крвна циркулација- искривување и тромбоза. Тромбозата претставува заживотно настанување на солидна маса тромбус во крвните садови и срцето, која е градена од составните делови на [[крв]]та. Тромбозата се состои од два процеса и тоа натрупување на тромбоцити на внатрешната страна на крвниот сад и форморање на згрушок од [[фибрин]], во кој се вклопуваат и клетките на крвта. Фибринот е [[белковина]] која настанува од крвната белковина [[фибриноген]]. За да настане [[фибрин]]от, или поточно за да настане тромбозата, се случуваат голем број на [[супстанции]], наречени коагулациони фактори. Нив ги има во крвта и во [[ткива]]та (особено во [[мозочното ткиво]], [[постелката]] и др.). Коагулационите фактори дејствуваат во скаловидна, ланчена заемно поврзана реакција. 25% од популацијата е изложена на ризик од заболување. Во 0,0016% од луѓето, лекарите откриваат васкуларна тромбоза, приближно 240 илјади. луѓе / година Ените страдаат почесто, околу 5 пати, бидејќи имаат зголемена хормонална позадина.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://otnogi.ru/bolezn/tromboz/lechenie-tromboza.html|title=Тромбоза.|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>
 
==Етиологија==
За настанување на тромбозата важни се три основни елементи: состојбата на ѕидот, а особно внатрешната ендотелна облога на крвните садови, правилната циркулација на крвта и составот на крвта, која особено се однесува на [[тромбоцити]]те и коагулационите фактори.
Ред 38 ⟶ 39:
==Последици==
Последиците на тромбозата зависат од големината на тромбот, од видот на крвниот сад, а особено колку тој има развиени колатерални артерии. Последиците на тромбозата зависат и од тоа во кој орган настанува тромбозата. Затнувањето на вените доведува до венски застој, отоци, а подоцна и до некроза на ткивото-инфаркт, а на експериментите до [[гангрена]]. Откинување на тромбот доведува до емболија, која може да затне крвен сад во некој друг орган. На пример, откинување на тромб од тромбозирана вена на нозете доведува до емболија со затнување на белодробните артерии, што може да биде причина за брза [[смрт]]. Со разнесувањето на септички тромби се разнесува и воспалението по цело тело.
 
== Наводи ==
<references />
 
==Надворешни врски==
[http://zazdravje.com.mk/%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%BE%D0%B7%D0%B0-%E2%80%93-%D0%BA%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE Портал од областа на медицината]