Разлика помеѓу преработките на „Анита Ангеловска-Бежоска“

Нема измена во големината ,  пред 9 месеци
ситна поправка
(дополнување)
(ситна поправка)
Анита Ангеловска-Бежоска е македонска економистка, доктор на економски науки. Од мај [[2018 година]] година е гувернерка на [[Народната банка на Македонија]] (официјално: Народната банка на Република Северна Македонија). Претходно, речиси осум години била вицегувернерка на Народната банка. Има работено и во [[Меѓународниот монетарен фонд]], во [[Вашингтон]], [[САД]]. Својата кариера ја има започнато во [[Министерството за финансии]] во кое на различни работни позиции минала осум години од својата работна кариера. Меѓу другото била и државен секретар во ова Министерство.
 
==Во Народната банка==
 
Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на Народната банка<ref>Анита Ангеловска – Бежоска едногласно избрана за гувернерка на НБРМ https://meta.mk/anita-angelovska-bezhoska-ednoglasno-izbrana-za-guvernerka-na-nbrm</ref>, откако претходно, на [[21 мај]] [[2018]] година, [[Собранието на Република Македонија]] (сега, официјално: Собранието на Република Северна Македонија), со 81 глас „за“, без ниту еден глас „против“ и без ниту еден воздржан се изјасни во врска со предлогот на претседателот на државата, таа да ја извршува оваа одговорна функција<ref>Анита Ангеловска – Бежоска едногласно избрана за гувернерка на НБРМ https://Д-р Анита Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на НБРМ http://nbrm.mk/ns-newsarticle-d-r-anita-angelovska-bezoska-stapi-na-funkcijata-guverner-na-nbrm.nspx/</ref>.
 
Таа е прва жена именувана на гувернерската функција во Македонија (официјално: Северна Македонија)<ref>Д-р Анита Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на НБРМ http://Bloomberg: This Woman Is One of Just Four Who Run Central Banks in Europe https://www.bloomberg.com/news/articles/2019-03-22/this-woman-is-one-of-just-four-who-run-central-banks-in-europe</ref><ref>Central Baking - Podcast: North Macedonia on the brink of change https://www.centralbanking.com/central-banks/governance/people/4152376/podcast-north-macedonia-on-the-brink-of-change</ref>.
Сега, таа е и гувернерка на Република Северна Македонија во овој одбор на ММФ<ref>Conference on the 15th Anniversary of the 2004 EU Enlargement: Looking back, looking forward - Speaker Biographies https://ec.europa.eu/info/sites/info/files/economy-finance/biographies_of_speakers_vienna.pdf стр. 8</ref>.
 
Во [[2019 година]] година, Ангеловска-Бежоска е избрана и за член на Надзорниот одбор на [[Виенската иницијатива 2]], како претставник на шесте земји од регионот на [[Југоисточна Европа]] коишто сѐ уште не се членки на [[Европската Унија]]<ref>Ангеловска-Бежоска избрана за претставник на шест земји од регионов во Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2 https://grid.mk/c/jJDuvmkBmGY-kCSolwK0/2019-03-27/angelovskabezhoska-vo-nadzorniot-odbor-na-vienskata-inicijativa-2</ref>.
 
Во рамките на Виенската инцијатива 2, таа има активна улога во застапувањето на интересите на регионот пред претставниците на меѓународните финансиски институции и глобалните и регионалните банки присутни во овие земји<ref>Ангеловска-Бежоска избрана за претставник на шест земји од регионов во Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2 https://grid.mk/c/jJDuvmkBmGY-kCSolwK0/2019-03-27/angelovskabezhoska-vo-nadzorniot-odbor-na-vienskata-inicijativa-2</ref>.
Пред да пристапи кон тимот на централната банка, таа имала двегодишен работен ангажман во ММФ, во Вашингтон, САД, првенствено како економистка во Одделот за макроекономски политики во европските земји, а краток период и во Одделот за фискални политики. Истовремено членувала и во повеќе преговарачки мисии на ММФ за склучување аранжмани со земји членки<ref>Биографија на Анита Ангеловска-Бежоска на официјалната веб-страница на Народната банка http://nbrm.mk/guverner.nspx</ref>.
 
Во периодот од [[2006 година]] година до стапувањето на гувернерската функција, како експерт, постојано била ангажирана во тимови на ММФ за обезбедување техничка помош за повеќе земји во [[Европа]] ([[Летонија]], [[Белорусија]], [[Молдавија]], [[Србија]], [[Босна и Херцеговина]], [[Албанија]])<ref>Соопштение од гувернерот на НБРМ, [[03.07.јули]] [[2017]] http://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-od-guvernerot-na-nbrm-03072017.nspx</ref>.
 
==Во Министерството за финансии==
 
Својата работна кариера, Ангеловска-Бежоска ја започнала во [[1996 година]] година, како стручен соработник за финансиски систем во [[Министерството за финансии]], во кое на различни работни позиции минала осум години од својата работна кариера. Притоа, меѓу другото, најпрво како раководителка на Проектот за воспоставување трезорски систем во [[Република Македонија]] (1999-2000), а потоа и како раководителка на секторот [[Трезор]] при ова Министерство (2000-2003), дава исклучително значаен придонес за спроведувањето клучни реформи во системот на јавни финансии во државата: воспоставувањето единствена трезорска сметка, воспоставувањето систем за редовни проекции на буџетската ликвидност и управувањето со ликвидноста, унапредувањето на буџетското сметководство, развојот на пазарот на државни хартии од вредност и унапредувањето на буџетското известување во согласност со меѓународните стандарди<ref>Central Baking - Podcast: North Macedonia on the brink of change https://www.centralbanking.com/central-banks/governance/people/4152376/podcast-north-macedonia-on-the-brink-of-change</ref>.
 
Нејзиниот придонес за развојот на јавните финансии во Република Македонија (сега: Република Северна Македонија) е валоризиран и со награда од [[Амбасадата на САД]] во [[Скопје]], којашто ѝ била доделена во [[2004 година]] година<ref>Lider: Anita Angelovska Bezhoska http://lider.events/governors/speaker/anita-angelovska-bezhoska/</ref>.
 
Во текот на 2003 и 2004 година, Ангеловска-Бежоска била државен секретар во Министерството за финансии, при што била одговорна за: координирањето на активностите на сите сектори во рамки на Министерството, координирањето на процесите поврзани со европската интеграција, буџетските реформи и преговорите со меѓународните финансиски институции<ref>Предавање на вицегувернерот на НБРМ http://arhiva.ugd.edu.mk/mk/ugd/vesti/388-predavanje-na-viceguvernerot-na-nbrm.html</ref>.
 
Во [[2004 година]], таа била и раководителка на тимот за подготовка за издавање на првиот кредитен рејтинг на нашата земја<ref>Биографија на Анита Ангеловска-Бежоска на официјалната веб-страница на Народната банка http://nbrm.mk/guverner.nspx</ref>.
 
==Други ангажмани==
 
[[Категорија:Живи луѓе]]
[[Категорија:Родени во СкопјеСкопјани]]
[[Категорија:Гувернери на НБРМ]]