Цветан Димов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Рани години: Цветна во Цветан
Ред 39:
==Биографија==
=== Рани години ===
Цветан Димов е роден на [[5 март]] [[1910]], а во други извори се наведува [[1909]] година. Цветан Димов е син на Ѓорѓија и Коца Димови, сирмашносиромашно скопско семејство кое живеело во [[Чаир]]. Семејството се занимавало со [[градинарство]], но често работеле на туѓи земјишни поседи. Своето основно образование во започнал во Скопје и постигнувал солидни резултати, за што неговите родители биле пресреќни. Бидејќи семејството било многу сиромашно, со тага го известиле Цветана дека мора да го напушти образованието и да почне да изучува [[занает]]. Цветан со тешко срце ја прифатил суровата реалност на тогашното време. Започнал да работи како чирак кај различни мајстори и тогаш прв пат ја почувствувал суровата положба на [[работничка класа|работничката класа]]. Калфа станал на 17-годишна возраст и веќе имал определена дневница, која ни приближно не била доволна за дадениот труд.<ref name="херои">„Народни херои од Македонија“, „Наша книга“, Скопје, 1973, стр. 115-119</ref>
 
Набрзо по станувањето калфа, Цветан запознал некој синдикален белградски активист. Од него Димов дознал дека работниците во другите градови се организирале во [[синдикат|синдикати]] за да ги бараат своите работнички права. Од човекот добил разни летоци, брошури и книги. Одреден дел од овој период на неговиот живот Димов го поминал во [[Кленовиќ]], каде се лечел од [[туберкулоза]]. Иако не бил физички присутен, сепак бил во тек со синдикалните активности во Скопје. Своите синдикални и работнички идеали ги истакнувал и јавно во санаториумот каде се лекувал.<ref name="херои"/>