Аргентина: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 222:
Хуан Мануел Фанџо е петократен светски шампион во формула 1. Победил на 102 од 184 меѓународни трки и се смета за еден од најдобрите автомобилисти во историјата на овој спорт.
Кошаркарската репрезентација на Аргентина е освојувач на златни медали на светските кошаркарски првенства и на олимписките игри,како и на првенствата на Америка и на панамериканските игри. Исто така тринаесет пати била шампион на Јужна Америка. Едни од најпознатите аргентиски кошаркари се Емануел Џинобили,Андрес Носиони и Луис Скола.
Некои од најголемите боксери се од Аргентина,,меѓу нив се наоѓа Карлос Монзон,боксер кој многу луѓе го сметаат за најдобар боксер во историјата на спортот во средна категорија. Паскал Перез, Виктор Галиндез и Николино Лоче се членови на меѓународната куќа на славните.
Женската репрезентација на Аргентина во хокеј на трева,познати како лавици,е една од најуспешните во светот. Лусијана Ајмар е прогласена за најдобар играч во историјата на овој спорт,и е единствен играч кој успеал да ја освои наградата за најдобар светски играч на годината во овој спорт дури осум пати.
Поло е спорт во кој Аргентина е неприхосновен владетел. Од триесетите години на дваесетиот век па до ден денес ретко кога некој успеал да го победи националниот тим на Аргентина во овој спорт. Аргентинската лига е најважно и најквалитетно натпреварување во овој спорт. Поголемиот дел од најдобрите играчи во овој спорт се од Аргентина,меѓу кои е и Адолфо Камбијасо,кој ср смета за најдобар играч во историјата на овој спорт.
 
== Надворешни врски ==