Свети Паисиј Хилендарски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 21:
== "Историjа словенобугарска" ==
[[Податотека:Istoriya Slavyanobolgarskaya Fair Copy.jpg|right|thumb|200px|Препис на "Историја словенобугарска" од 18 век]]
Во процесот на подготвувањето за создавање на [[Историjа словенобугарска|словенобугарска историjа]] Паисиjа се запознал со некои од достапните во неговата епоха историски извори: житија на светци, летописни белешки, царски грамоти, сочиненија на [[Климент Охридски]] и [[Евтимиј Трновски]], српскиот "Родослов", руски публикации на "Пролог" и "Кормчаја книга", стематографиите на [[Павле Ритер Витезовиќ]] и [[Христофор Жефаровиќ]], а наjголемо влијание врз неговите општи идеи за историјата имале руските преводи на книгите "Дејанија церковнаја и гражданскаја" од [[Цезар Барониј]] и "Книга историографија" (со оригинално име "Царството на Словените") од [[Мавро Орбини]].<ref>Пламен Митев, "Българското Възраждане", Издателство "Полис", София, 1999, стр. 32. {{bg}}</ref>
 
По завршувањето на книгата Паисиј продолжил да патува и сам да ја распространува. За прв зачуван препис се смета преписот од [[1765]] година, порачан од богатите граѓани на Котел и направен од [[Софрониј Врачански]]. Вториот бил направен во [[1771]] година во Самоков од [[поп Алекси]]. За тие преписи се знае дека биле препишувани директно од оригиналот на Паисиj и во негово присуство. Од периодот до краjот на 18 век се познати околу 10 ракописни преписи, а до краjот на 19 век нивниот броj е повеќе од 60. Вистинска историска вредност "Историjа словенобугарска" добила во првата половина на 19 век и натаму по неjзиното прво преработено печатено издание, направено од [[Христаки Павловиќ]] во [[Будимпешта]] во [[1844]] година со наслов "Царственик или историjа болгарска".<ref>Пламен Митев, "Българското Възраждане", Издателство "Полис", София, 1999, стр. 32. {{bg}}</ref> "Царственик...", што вклучувало и некои делови од "Стематографија" на Христофор Жефаровиќ, а било користено како учебник по историjа во преродбенските училишта.<ref>Кузман Шапкарев, "[http://www.promacedonia.org/bmark/ksh/ksh_1_2.htm Материали за историята на възраждането..."], Издателство "Български писател", София, 1984, стр. 75. {{bg}}</ref>