Црногорска капа: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Nani2568 (разговор | придонеси)
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 01:13, 6 јули 2018

Црногорска капа е традиционална капа, дел од црногорската народна носија, која ја носат Црногорци те и Црногорските Срби. Милорад Медаковиќ во книгата "Животот и обичаите на Црногорците" (Живот и обичаји Црногораца) од (1860 .. стр. 174) го наведува податокот дека фустаните се со ист крој како во старите времиња, а дека капите се изменети. Порано носеле кожени капи, тогаш мали, плитки, црно-црвени капи.

Црногорска капа
Црногорска капа са монограмом на кралот Никола

Капата е во форма на рамен цилиндер, горната површина е со темноцрвена боја и се нарекува тепелак, а заобиколена е со црн раб кој се нарекува деревија. Еден дел од тепелакот е заобиколен со пет златни нишки , во чиј центар се наоѓале везени иницијали на сопственикот на капа или владетелот ("Д.I.", "Н.I."), крст и четири оцила, кои воглавно се интерпретираат како четири букви „С“, што е народно, но не и хералдичко објаснување, но постојат и други верзии, како онаа со шесткрака ѕвезда и ѕвезда петокрака која се носела за време на комунизмот. Формата на капата останала непроменета, но везот по потреба се менувал. Капата прв пат се појавила во времето на Петар I. На првата капа везот бил околу капата (на деревија) и ја носеле кулукџиите (членови на Кулук). Перјаници на капите ги ставале почетните букви на својата нахија. Покрај златнот вез, Црногорците на капите ги ставале грбовите за означување на општествена припадност. Сенаторите, капетаните и перјаниците носеле различни грбови и во случај на нивна деградација морале да ги отстранат од капите. Црногорските офицери носеле народни носии и грбови накапите се до воведување на воените униформи во [(1910)] година. Црногорската капа е слична со личката и херцеговачката капа, како и капата која е традиционално носена во Рисан. Конечниот дизајн, оној што денес се користи, според легендата, го направил познатиот црногорски владетел и писател Петар II Петровиќ Његош, кој го изразил симболизмот на боите, на пример црвената боја на тепелакот ја симболизира крвта на луѓето кои загинале во 1389 година на Косово, црниот раб ја претставува коротата т.е. жалта за нив, а петте златни нишки ги симболизираат вековите кои Срби те ги поминале под турска власт. Низ историјата, црногорската капа имала неколку различни имиња. Меѓу нив се и " ваљана", бијела, " кариклија", " завратка". Денес едноставно се нарекува "црногорска капа". Крст со четири очила, како мотив на капа, не се појавувал пред 1918 година (странски патописци наведуваат виножито, иницијали на владетели и сл.).

Види уште

Наводи

Литература