'''Microsoft Windows''' е фамилија на [[оперативен систем|оперативни системи]], најпопуларен производ на корпорацијата [[Microsoft]]. Функционираат на различни типови на платформи како: сервери, персонални компјутери и мобилни уреди. Корпорацијата Мајкрософт најпрво ја претставила оперативната околина наречена Windows во ноември 1985 како надградба на [[МС-ДОС]], одговор на растечкиот тренд на графички кориснички интерфејси популаризиран од страна на [[Apple]]. Microsoft Windows е дојден до степен на доминација во светот на персоналните компјутери, со проценка дека држат околу 90% од светскиот пазар на оперативни системи.