Образовна одисеја на Петар Поп Арсов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 46:
{{Цитат|'''''Мислата за национално обединување на Македонците, иако под маската бугарска, се зафати во 1890 г. Во крајот на 1889 год. се префрлија во Бугарија 30-40 души ученици и студенти Македонци од Белград во Софија. Тие ученици се душата на сите настани во Македонија оттогаш досега. Тие беа запознаени со Србија и Бугарија, со нивните култури и цели во Македонија. Тие и ја сознаа опасноста за дележ на Македонија помеѓу тие две држави - ако Македонците самите не се вооружат за да си извојуваат сами, со сви сопствени сили и средства слобода и со тоа да го предупредат дележот на Македонија''''' <ref>[[За македонцките работи]]</ref>}}
Во средината на 1891 година врз основа на распуштената Дружина, била формирана [[Млада македонска книжевна дружина|Младата македонска книжевна дружина]]. Во нејзините редови влегувале: Петар Поп Арсов, [[Георги Баласчев]], [[Георги Белев]], [[Климент Караѓулов]], [[Ефтим Спространов]], [[Никола Дејков]], [[Коста Шахов]], [[Иван Хаџи Николов]], [[Андреј Љапчев]], [[Тома Карајовов]], [[Христо Матов]], [[Наум Туфекчиев]], [[Ангел Наумов]] и др. Дружината била во тесна врска со кружокот во Софиското воено училиште со кој раководел [[Гоце Делчев]] <ref name="DIME" />. Во јануари 1892 година, излегол во печат првиот број на официјалниот орган на ММКД, списанието [[Лоза (списание)|Лоза]], по кое припадниците ќе се наречат [[Лозарско движење|Лозари]]. Тие биле под големо влијание од идеите на италијанските карбонари и американските револуционери - герилци <ref name="PPA" />. Поп Арсов и останатите Лозари започнале силна агитација сред младите Македонци кои доаѓале во Софија да се запишат во военото училиште, со намера да ги одвратат од претстојното побугарчување и да ги вратат назад во Македонија каде што би биле покорисни <ref name="PPA" />. ММКД продолжила со негување и развивање на поставените задачи на [[Македонско студенско друштво|Македонското студенско друштво]], межутоа за се избегнат прогоните на на бугарската власт, Дружината си го придодала ''епитетот книжовна'' <ref>Потеклото на револуционерното движење во Македонија и првите чекори на Солунскиот комитет за придобивање политички права на Македонија дадени со Берлинскиот договор, Билтен на привременото претставништво на обединетата на поранешна револуционерна организација, број 8, Софија, 17.07.1919</ref>.
[[Податотека:GGeorgi. BelaschevBalaschev MOO.JPGjpg|150px|мини|лево|Георги Баласчев]][[File:RS-II-107-1892-1894 Лоза.pdf|page=3|thumb|250px|right|Комплетна фототипна копија на списанието „Лоза“. Издавач: Млада македонска книжовна дружина, Софија]]
Уставот што ММКД го обајавил од страниците на Лозо целосно е ослободен од макеоднската национална програма за која се залагала дружина <ref name="PPA" />. Меѓутоа и покаарј таквата конципираност на Уставот, ММКД ги обелоденила своите макеоднски национални определби во предговорот на [[Лоза (списание)|Лоза]]. Меѓу останатото, Дружината укажала на опасноста од [[Странски пропаганди во Македонија|странските пропаганди во Македонија]]. Во врска со тоа пишува: ''Само еден поглед е доста да се видат насушените потреби на нашата роднина (татковина б.н). Благодарение на последните политички настанина нашиот полуостров и географска положба на Македонија, денес таму се собрале севозможни надворешни елементи, кои, водушевени од своите сосипувачки планови и интереси за нашата иднина, слободно и со трескава енергија го засилуваат антагонизмот којшто и така постои во земјата'' <ref name="PPA" />. Отука ММКД, прпорачала: ''Само еден силен отпор од наша страна може да не зачува од незаситните посегања..., затоа ни се потребни сили, а нашите се разнебитени, раздробени, значи, треба да ги соединиме, да ги собереме во една општа моќна сила, сила - народна, ако сакаме да ја запазиме иднината на нашата татковина. Тоа треба да биде стремеж на секој штогоде чуствителен Македонец, каде и да се наоѓа тој. Младата македонска книжовна дружина, имено, таа цел ја има предвид... За постигање на цел Дружината ја издава својата Лоза'' <ref name="PPA" />.