Западен фронт (Прва светска војна): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
Фронтот на почеток бил поставен по должина на Белгија и зафаќал североисточен дел на Франција, со развивање на воени акции се проширил сè до [[Северното море]] и до [[Швајцарија]]. Овој фронт, за разлика од осточен бил статичен, карактеристичен по безбројни лавиринти на ровови и бесмислено истребување на војката од двете завојувани страни. Воспоставен е кога германската војска која брзо напредувала кон Франција била запрена од силите на [[Антанта ]] во [[Битката на Марна]], а судрените сили се вкопале на своите позиции. Фронтот бил формиран на 4 август 1914 година, а на него се војувало сè до 11 ноември 1918 година.<ref>Griffiths, William R. (1986). Thomas E. Griess The Great War, Wayne, NJ: Avery Publishing Group</ref>
 
[[Податотека:Hr.wikipedia.org/wiki/Zapadno bojište (Prvi svjetski rat)|мини|Француска пешадија со бајонети]]
== Карактеристики и битки на Западниот фронт ==
По утврдување на фронтот во периодот од 1915 до 1917 година на него се одиграле неколку големи битки, [[Битката за Елзас]], две битки на реката Марна, [[Гранични битки]], [[Трка кон морето]], [[Битката за Ипре]], [[Голема офанзива кај Вердун]], [[Офанзива на реката Сома]], идр.
Но основна карактеристика на овој фронт биле утврдени позиции во ровови во кои војската живеела под постојана изложеност на топовски оган, непрекидно пукање, изложеност на бојни отрови, глад, студ, жега и инфекции. Секоја офанзивна акција или ситни повлекувања на воени формации војската ја изложувале на силен стрелачки оган, мински полиња и по прв пат во историја забележани воздушни напади со авиони, а во офанзива кај Камврија во 1917 година Германија за прв пат во војната ги внела и тенковите.
Токму ваква поставеност и безизлезна пат позиција во која се наоѓале завојуваните страни довела до милионски број на жртви од двете страни.
 
== Жртви ==
Страотните последици на Западниот, како и на Источниот фронт никогаш не се прецизно пресметани, едноставно, за таква анализа и пресметка не постои статистичка формула и се бројат со милионски цифри. Според една од поновите анализи се спомнуваат 7 947 000 мртви, исчезнати и заробени на страна на Антанта и 5 603 000 мртви, исчезнати и заробени на страна на страна на Централни сили.<ref>The Blood Test Revisited: A New Look at German Casualty Counts in World War I</ref>