Спор за името помеѓу Македонија и Грција: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 307:
Второто решение е заемно прифаќање формула за единствено име. Притоа, договореното решение ќе биде и единственото име со кое Македонија ќе биде нарекувана од целата меѓународна заедница (вклучително и од Грција). Знаејќи дека Грција со сигурност нема да се согласи компромисното решение да биде исто како и уставното име, на Македонија и преостанува само да се избори за поповолна придавка или додавка. Досега, двострано или еднострано, се разгледани повеќе вакви предлози, како на пример: Македонска Скопска Република, и Горна, Северна или Вардарска Македонија (сите предложени или разгледувани од страна на Грција уште од 1992 г.); Нова Македонија (предложено од [[Де Пињеиро]], тогашен португалски министер за надворешни работи); Република Македонија - Скопје (предложено од поранешниот претседател Глигоров, кој досега е единствениот македонски политичар, кој јавно се согласил со менување на уставното име {{се бара извор}}), како и Република Македонија (Скопје) кое беше прифатено од сегашниот Претседател на Владата Никола Груевски и поранешниот претеседател Бранко Црвенковски во временскиот период пред Самитот на НАТО во Букурешт во 2008. Во оваа, за Македонија неповолна варијанта, утеха би била можноста Грција да се согласи уставното име да го ползуваме за внатрешна употреба, како и можноста државава да добие извесна помош на патот кон ЕУ и подароци од другата страна. Оваа варијанта во принцип ги има обележјата на денешното статус-кво, каде што најзначајните меѓународни институции не нарекуваат со привремената референца, а ние уставното име освен внатрешно, го користиме и во односите со земјите што не имаат признаено под уставното име.
Третото решение е прекинување на преговорите за името (еднострано или спогодбено) и дипломатска офанзива за прифаќање на нашето уставно име во сите меѓународни организации и од сите позначајни држави што нè нарекуваат со привремената референца. Целни групи на ваквата офанзива пред се, би биле САД, и петте водечки земји во ЕУ, а успехот таму посредно би значел и наш успех во ОН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ.
Четвртото решение е продолжување на преговорите, но и барање до ООН да ја промени нелегалната одлука за користење на времената референца и условувањето со понатамошни преговори. Речиси 100% се шансите телата на ООН и МСП да одлучат да ги изменат тие барања и да ги доведат во согласност со документите на ООН и со условите за прием на сите останати членки (види [[https://www.jstor.org/stable/2997959]]).
 
== Наводи ==