Металургија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 6:
<hr style="height:2pt; visibility:hidden;" />
<div style="text-align:justify; margin-right:290px;>Метали, кои се користат секојдневно како што се фасонка, федер, сврдло итн, имаат посебен облик. Со оваа гранка - за обликување на метали - се занимава [[Механичка металургија|механичка металургија]]. За обликување на металите се користат бројни постапки како што се тркалање, пресување, ковање, извлекување итн. Понекогаш огромни машини, тешки и по неколку тони, им даваат на металните предмети, како што се на пример железните шини, цевки и лимови завршен облик. </div>
<hr style="height:2pt; visibility:hidden;" />
<div style="text-align:justify; margin-right:290px;>[[Физичка металургија|Физичка металургија]] се занимава со контрола на процесите со помош на различни методи и тестови. Таа ги истражува важните теориски и практични принципи на однесување на металите во различни услови со употреба на хемија, физика, термодинамика итн. Со тоа воедно се постигнуваат и оптимални производни параметри на посакуваниот квалитет и облик. [[Физичка металургија|физичката металургија]] исто така ја истражува внатрешната структура на цврстите метали која во голем дел ги одредува механичките и останатите својства, и прави можност за нивно предвидување и планирање. Исто така ги истражува и објаснува рамнотежните и нерамнотежните дијаграми на состојбата на маталите, како и принципите на [[легура|легирање]] кои со теориско значење наоѓаат и директна примена во пракса.</div>