Света Петка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Светица во Светителка
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 1:
:''Оваа статија се однесува на светителка Света Петка Епиватска или Света Петка Трновска. За други значења, видете [[Света Петка (појаснување)]].''
 
[[Податотека:Stpetka.jpg|right|thumb|200px|Икона на која е насликана светицата Света Петка]]
'''Св. Петка''' (позната и како '''Св. Параскева''' и како '''Мајка Параскева''') — [[светица|светителка]] од градот [[Епиват]], кој се наоѓал меѓу [[Силинаврија]] и [[Цариград]]. Таа била родена кон крајот на [[10 век]], во петок, денот кога [[Евреи|Евреите]] се подготвуваат за празнување на празникот [[Сабат]] (сабота). Затоа, нејзе ѝ го дале името Параскева, што значи „подготовка“. Родителите ѝ биле богати [[христијани]] од [[Словени|словенско]] потекло, а освен Петка, имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал епископ Малитски.
 
По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напуштила родителскиот дом и отишла најнапред во [[Цариград]], а потоа во [[Јордан]]ската [[пустина]], каде што останала до својата старост. Нејзиниот долг пустински живот во молитва и пост може да биде спореден со 40 дневницата која што [[Исус]] ја спроведол в пустина.
Ред 19:
Нејзините чудотворни мошти низ вековите биле пренесувани: во Цариград, во [[Велико Трново]] ([[Бугариjа]]), па пак во Цариград, па во [[Белград]]. Сега, тие се наоѓаат во [[Романија]], во градот [[Јаши]]. Во Белград постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што и притекнуваат со вера кон светителката. Во [[Скопје]], во населбата [[Црниче]], постои [[црква]] посветена на оваа светица.
 
Празникот посветен на св. Петка се слави на [[27 октомври]]. На [[Икона|иконите]] на кои е прикажана оваа светица, најчесто стои натписот: „Верувам во еден, единствен Бог и во [[Свето Тројство|Светото тројство]]“. Еден од обичаите кои се практикуваат на празникто на св. Петка е „петолебие“, кога луѓето носат пет лепчиња во црквата, во спомен на настанот од [[Библија|Библијата]], кога [[Исус Христос]] со пет [[Леб|леба]] нахранил 5.000 луѓе. Притоа, петте лепчиња се осветуваат, при што едно му се дава на верникот, а четири остануваат во црквата.<ref>„Испосничката света Петка чува од несреќи“, ''Дневник'', година XVIII, број 5601, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 28.</ref>
 
== Надворешни врски ==