Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 35:
 
Boyan и Tomahowk, јас сум бил многу време на македонските форуми, а исто така имам контакти и со македонци, така че ја познавам македонската народопсихологија. Дебели глави са македонците(исто како нас). Мислам дека со умен човек секогаш ќе се разбереш(тука виждам има такива, макар и не сите). Знам дека ќе имам многу јадове(веќе почнаха), но мислам дека си струва. Колкото мога ќе изкарам. После ќе одам пак да пишувам на бугарската и англиската Википедија. Поздрави, [[Корисник:Елемаг|Елемаг]] 22:57, 28 Март 2006 (UTC)
 
:Елемаг, нормално е сегде да има дебели глави :)) Еве го на кратко моето резонирање околу македонско бугарските спорови. Јас сум Македонец и навредливо е за мене некој да ми кажува дека не сум тоа туку Бугарин. Исто така да ми збори како на дедо ми преку ноќ му го испрале мозокот а јас сум сега премногу глуп да го сватам тоа. Нејсе, оваа теорија се негира самата себеси:
:* Како може некојси Тито да ги однароди Бугарите и да им наметне нова, ни помалку ни повеќе, измислена национална свест и тоа преку ноќ? (национална свест се гради со векови)
:* Каков народ се тогаш Бугарите ако толку лесно се однародиле? (значи оваа теорија е навредлива за Бугарите исто толку како и за Македонците)
 
:Во секој случај - јас како Македонец немам никаков проблем со блискоста на Македонците и Бугарите. Побогу, наместо да го искористиме тоа за соработка ние се караме и се закрвуваме. Сепак морам да забележам дека поголем дел од вината лежи на бугарската страна, како остаток од поранешни времиња. Денеска се други времиња и национал-романтичарските ставови се многу застарени. Затоа ми е нејасно зошто некои Бугари кои имаат вакви мислења, со провокации одат против самите себеси. Ако не стигнуваа толку провокации од Бугарија, веројатно денеска двата народи и во пракса ќе беа доста поблиски. Во врска со ова сакам да ти кажам и дека за среќа, на англиската википедија не сум приметил некои поголеми македонско-бугарски спорови од кога јас сум таму. Само внимавај - има доста грци кои се трудат да не скараат. Знам дека звучам параноично, но се случува често. Најомилена тактика им е да тресат глупости додека не се најде некој романтичар да ја превземе теоријата. Така провоцираат проблеми меѓу нас. Потоа си ја тераат работата додека ние се расправаме. --[[Корисник:Aleksandar SK|Aleksandar SK]] 00:07, 29 Март 2006 (UTC)