Бројчена анализа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Ова е од големо значење во областа на астрономијата, столаријата и градежништвото. Нумеричката анализа ја продолжува долгогодишната традиција на практичните математички пресметки (калкулации).
<gallery widths="300" heights="300">
Податотека:Ybc7289-bw.jpg|Слика1:Вавилонската глинена плоча од вавилонската колекција Јеил (од 1800 г.п.н.е.до 1600 г.п.н.е.) за приближување на корен од два со четири шеесетични цифри, што одговара на точност од околу шест децимални цифри, 1 + 24/60 + 51/602 + 10/603 = 1,41421296 ...
</gallery>
Слично како Вавилонската апроксимација за корен од два , модерната нумеричка анализа не бара точни (егзактни) одговори бидејќи точните (егзактни) одговори е најчесто невозможнo да се добијат во пракса. Наместо тоа голем дел од нумеричката анализа се концентрира на добивање на приближни решенија во рамките на разумните граници на грешки.
Нумеричката анализа наоѓа примена во сите области на инжeнерството и физичките науки, но во 21-от век исто така наоѓа примена и во општествените науки, па дури и во уметноста постојат усвоени елементи oд нумерички пресметки.
Обичните диференцијални равенки се појавуваат во небесната механика (планети, ѕвезди и галаксии), нумеричката линеарна алгебра е важна за анализата на податоци; стохастичките диференцијални равенки и Марковите вериги се од суштинско значење во симулирањето на однесувањето на живите клетки во медицината и биологијата.