Виктор Иго: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 42:
==Творештво==
===Романи===
[[Податотека:Victor Hugo-Hunchback.jpg|thumb|200px|Илустрација на ''[[Богородичната црква во Париз]]'' од Лук Оливие Мерсон]]
 
Иго го објавил првиот роман ''Хан од Исланд'' една година по венчавката, а вториот ''Биг Жаргал'' три години подоцна. Помеѓу 1829 и 1840 објавил пет збирки поезија (''Ориентални песни'' 1829, ''Есенски лисја'' 1831, ''Песни од самракот'' 1835, ''Внатрешни гласови'' 1837, и ''Зраци и сенки'' 1840), потврдувајќи го статусот на најдобар автор на елегиски и лирски стихови. Иго се трудел да пишува како таткото на [[романтизмот]] [[Франсоа Рене де Шатобријан]]. Во својата младост, Иго ја развил тезата „Шатобријан или ништо”. Страста и елоквенцијата на неговите први дела му донеле успех и слава уште во младоста. Неговата прва збирка песни ''Нови оди и други песни'' била објавена во 1824, кога Иго имал 23 години, и му донела кралска плата од [[Луј XVIII]]. Следната збирка, објавена во 1826 ''Оди и балади'' го открила Иго како голем и одличен поет, мајстор за [[Лирика|лирски песни]].
 
Ред 61 ⟶ 63:
 
===Драма===
[[Податотека:Illustrirte Zeitung (1843) 05 013 1 Scene des zweiten Actes, wo Friedrich Barbarossa sich zu erkennen giebt.PNG|thumb|250px|Илустрација на сцена од драмата ''Бирграви'' (1843)]]
 
Иго не постигнал така брз успех со драмските дела. Во 1827 ја објавил драмата ''Кромвел'', која никогаш не била изведена и која е позната повеќе по предговорот отколку по нејзината содржина. Во воведот, Иго ги советува француските писатели да се ослободат од класичниот стил на театарот и така предизвикал конфликт помеѓу францускиот [[класицизам]] и [[романтизмот]]. По ''Кромвел'', во 1828 следела драмата ''Еми Робсар'' која доживеала само еден настап. Првата драма што ја продуцирал самиот Иго била ''Марион Делорм''. Иако на почетокот била забранета поради критика кон [[монархија]]та, забраната била укината, а премиерата се одиграла во 1829 година, но и ова дело не доживеало успех.