Трескавец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Напишаното не соодветствува со православната терапија.
Ред 115:
 
За убавината на сегашната црква придонесуваат и мермерните декорации кои се вградени од многу постариот ранохристијански храм. Особено е впечатлива манастирската трпезарија од XIV век со зачувани камени седишта и долги камени трпези во кои се вдлабени посебни места за нозете. Не дека во тоа време не знаеле како се прават дрвени маси, туку луѓето сакале да направат нешто посебно за [[Богородица]], и вложиле огромен труд и пари обработувајќи ги огромните камени блокови, тешки повеќе од два тона. Во трпезаријата има фрески од XVII век и XIX век, под кои се наоѓаат остатоци од фрескоживопис од XIV век.
 
Света [[Богородица]] од Трескавец се до денес ја излева својата чудотворна моќ над секој оној што ќе ја побара нејзината помош. За тоа ни сведочат и поновите етнографски материјали во кои се забележани нејзините исцелителски способности: „Имав чупе немо 17 години. Ни зборуваше, ни слушаше. Бев заедно со него на Трескаец - лежев таму. Ко што лежев ноќта, ми се јави на сон жена и ми вели вака: Стани! Таа, жената Богоројца со дете в раце. Стани - ми вели - ти дури не почниш да баиш - чупево нема да ти прозборува!“ Откако се согласува жената да стане бајачка, по советот на [[Св. Богородица]], се случува чудо и нејзината ќерка прозборува: „Маме, ајде дома да си ојме!“.
 
==Значењето на Трескавец==