Петар Темелковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Терминолошки
техничко уредување
Ред 1:
[[File:Петар Темелковски.JPG|thumb|Петар Темелковски]]
 
'''Петар Темелковски''' (роден[[1946]] година во [[Богомила]]) е македонски [[театар]]ски и [[филм]]ски актер. Дипломирал на „Националната [[академија]] за [[театар]]ска и [[филм]]ска [[уметност]]“ во [[Софија]] и веднаш се вработил во Македонскиот народен театар „[[МНТ]]“. Во 1975 година се вработил во Драмскиот театар Скопје како Првенец на театарот и од тогаш остварува повеќе од 70 главни и централни улоги во театрите во Скопје, Софија, Куманово, Прилеп, Велес, Струмица... на филм и ТВ. Со своите врвни театарски остварувања, Темелковски имал бројни гостувања во [[Австралија]], [[Канада]], [[САД]], и [[Европа]].
Во 2007 година е назначен за Уметнички директор на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а истата година станува и Редовен професор на ЕСРА (École Supérieure de Réalisation Audiovisuelle), Скопје, Македонија.
 
Темелковски е актер со високо издиференцирана култура на говорот... Тој е, всушност, мајстор на говорот, еден од најдобрите што македонскиот театар ги има, еден од ретките кои умеат не само беспрекорно да ја искажат, туку и да ја обмислат а потоа и емоционално да ја “тонираат“ секоја текстовна партитура, вклучително и најсложената. Компликуваните стихови (хексаметри, двоено римувани) или долги “естетички“ монолози (како оној на Херман Клаус во “Диво месо“) за него се предизвици од прв ред, ама и врвни задоволства... Темелковски токму во таквите мигови сериозно ја чувствува апсолутната среќа што - ете - може да биде актер. Таквата апсолутна среќа за него е содржана токму во застрашувачката комбинација на големата сцена (на која стои, исправен!) и на уште поголем текст со кој таа сцена треба/мора да се исполни.
Денес, кога во театарот царува неодговорноста кон текстот, но и кон сите други елементи на изведбата, ваквиот посветен, малку архаичен однос кон професијата несомнено се препознава и пренесува на гледалиштето.
Петар Темелковски како актер што му припаѓа на највисокиот уметнички ранг<ref>Јелена Лужина, „Отаде (вежби по толкување)“, ''Силсон'' Скопје, 2008, стр. 151-152.</ref> во историјата на македонскиот театар ќе влезе како актер кој ги има одиграно најголемите и најзначајни улоги од светската драматургија.<ref>Ѓорѓи Јолески, „Петар Темелковски е непресушен извор на идеи кој со неверојатна сериозност и приоѓа на секоја тема“, ''Македонска Нација'' Скопје, 28.07.2010.</ref>
Ред 83:
* 1982 - Наградата “13 Ноември” на Град Скопје за остварувања во уметноста и културата.
* 1987 - Стеријна награда најдобро остварување на Стеријното позорје во Нови Сад за улогата на Максим Бродски во претставата „Р“ од Јордан Плевнеш во режија на Љубиша Георгиевски.
* 1988 - Златен ловорловоров венец на МЕС во Сараево за најдобро остварување за улогата на Макс Брод во претставата „Стапица“ од Тадеуш Рожевич.
* 1990 - Награда за најдобро остварување на Државниот театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп за улогата Мустакот во „Црна“ од Љубиша Георгиевски и Богомил Ѓузел.
* 2000 - Награда за најдобро остварување на Државниот театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп за улогата Одисеј во „Филоктет“ од Љубиша Георгиевски