Словени: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Исправена грешка при пишување, Исправена граматиката, Додадени врски
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник
Ред 133:
 
Словенските народи се населени во централна, источна и југоисточна [[Европа]], како и во [[Азија]]. Бројноста на словенските народи денес во светот е околу 294,75 милиони луѓе, претежно населени во Европа. Воедно словенските народи се и најбројни во [[Европа]] и претставуваат околу 36% од вкупното европско население.
 
== Потеклo ==
{{main|Потекло на Словените}}
 
Словените припаѓаат на индоевропската група на народи, а како посебна етничка заедница почнале да се појавуваат пред околу 2000 години. Словените се појавуваат релативно доцна на историската сцена во споредба со [[Грци]]те и [[Римјани]]те, но пак се јавуваа доста пред појавата на [[Германи]]те и [[Англи]]те. До 2000 година п.н.е. Словените, [[Балтите]] и Германите претставувале една етнографска маса, но набргу почнал процесот на разделување на три племенски групи.
 
[[Податотека:Pratatkovina.PNG|thumb|лево|250px|Прататковината на Словените.]]
 
За прататковина на Словените е прифатена [[Закарпатие|Задкарпатската област]] – од источните падини на [[Карпати]]те до реките [[Висла]] и [[Днепар]]. Најрани соседи на Словените се [[Скити]]те и [[Сармати]]те на југоисток, [[Финци|Фините]] на исток и север, Балтите на северозапад, и [[Германи]]те на запад. На југ пак, од другата страна на [[Карпати]]те биле населени [[Даки]]те.
 
Прв за Словените пишува римскиот хроничар [[Тацит]]. Според него (а и според огромниот број слависти), Словените се делеле на три племенски групи: '''Венети''', населени на западниот дел од нивната татковина, '''Антите''', населени на источниот, и '''Склавините''' населени на јужниот дел. Тој исто така ја одредува татковината на Словените: Северното Прикарпатие – реките [[Днестар]] и [[Днепар]].
 
== Антрополошки карактеристики ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Словени