'''Калиопи Букле''' (родена како: '''КалиопиДаница Буклеска''') е познат и истакнат македонски [[уметник]], вокален интерпретатор, [[композитор]] и [[текстописец]]. Во својата татковина често е нарекувана ''Поп дива'' или ''Кралица на македонската поп музика''. Таа е доста позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го достигна во осумдесетите. Во [[Македонија]] важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.