Слава (празник): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Слава е секогаш поврзана со денот на некој светец и може да биде домашна - [[крсна]], именден - [[крсно име]], или [[селска слава]]. Обредни елементи и дејствијата поврзани со слава се богати и укажуваат на зачуваните митолошки карактеристики на елементи од древната, паганска вера на словените, пред се на почитување на култот на предците.
 
'''Историјат'''
 
Првите податоци за овој вид обичај се забележани уште во 11-тиот век. Постојат повеќе истражувачки пристапи кои славата ја поврзуваат со време на прифаќање на христијанството, но и задржување на дел од прастарата словенска вера во сопствен пантеон и благо изедначување на ликовите и делата на христијанските светители со прастари божества и натприродни битија, како и обележување на култот на предците, но и славење на семејството и неговите вредности и одавање почит кон натприродното. Пренесување на славата од колено на колено пак укажува на грижата за очувување на традиционалните вредности и сеќавање на потеклото.
 
Се верува дека славата (светецот чија слава се слави) го штити семејството и домот. Славата се менувала само во посебни прилики, но и тогаш останувал завет за палење свеќи и одење во црква на претходната слава. Слава на населението или селото вообичаено се обележувала околу црквата, старите свети стебла [[запис]], или на местата на кои се сметале свети и често биле обележувани со крст.