Митрофан III Цариградски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 16:
 
== Живот ==
Митрофан се родил во 1520 како син на [[Бугари|бугарски]] трговец во селото Аја Параскеви (сега дел од [[Истанбул]]),{{r|EP}} од каде го добил прекарот „Византиј“ („од [[Византион]]“). Неговото оригинално име се среќава како '''Мануел'''{{r|EP}} или '''Џорџ'''{{r|EHW}}.
 
Во 1546 тој бил назначен за митрополит на [[Кајсери]] од страна на неговиот личен пријател [[Дионисиј II Цариградски|Дионисиј II]], кој го испратил Митрофан во [[Венеција]], главно поради собирање на финансиски средства, но Митрофан исто така заминал и во Рим и се запознал со [[Папа|папата]]. Во 1548 овие новости предизвикале голема загриженост кај дел од грчкото население во Константинопол, проследени со немири и обид за убиство на Дионисиј, кого го сметале за виновен како и Митрофан.{{r|EHW}} Дионисиј бил на работ на симнување од престолот, но никакви мерки не биле преземени против него бидејќи тој ја имал поддршката од султанот [[Сулејман Величествениот]].{{r|Frazee}} Митрофан бил депозициониран од неговиот епископски престол, но во 1551 му било простено и заминал да живее во манастирот „Света Троица“ на островот [[Хејбелијада|Халки]], за кој се грижел и ја прошилил библиотеката.{{r|EP}}
 
Тој првпат бил избран за патријарх во јануари или февруари 1565{{r|Kiminas}} поддржан од богатиот и влијателен Михаел Кантакузин Шејтаноглу.{{r|EHW}} Тој владеел седум години и се обидел да ги подобри финансиите на патријаршијата преку патување во [[Молдавија]]. Тој бил слободоумен писмен човек и добро настроен спрема Западот, спрема католиците и протестантите.
 
Тој бил симнат од престолот на 4 мај 1572 кога Михаел Кантакузин ја пренел својата поддршка на младиот и брилијантен [[Еремија II Цариградски|Еремија II]]. По неговото депозиционирање, за да му се дадат финансиски приходи, тој бил назначен за епископ на [[Лариса]] и [[Хиос]] и се вратил да живее во „Манастирот Света Троица“ на островот Халки, во близина на главниот град.{{r|EHW}}
 
По неговите обиди да се врати на престолот, во 1573 тој бил прогонет на планината [[Света Гора]]. Шест години подоцна, по погубувањето на Михаел Кантакузин и убиството на големиот везир [[Мехмед Паша Соколовиќ|Мехмед]], Еремија ги загубил своите поддржувачи и Митрофан бил успешно вратен на престолот на 25 ноември 1579.{{r|DHGE}} Тој починал неколки месеци подоцна, на 9 август 1580, погребан во [[Манастир Богородица Памакаристос|Манастирот Богородица Памакаристос]], во тоа време патријаршиската катедрала.
 
== Забелешки ==
{{reflist|