Јустин I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
 
== Владетел ==
Благодарение на неговата позиција раководејќи со единствените војници во градот и од тоа правејќи многу парични подароци, Јустин успеал да обезбеди избор за владетел во 518.
 
Војник со малку познавање од државното раководење, Јустин мудро се опкружил со негови верни надгледници. Најпознат од овие бил, секако, неговиот внук Флавиј Сабациј, кого го посвоил како негов син и вложувал во него под името Јустинијан.
 
Јустиновото владеење е важно за решавањето на [[Акакиева шизма|Акакиевата шизма]] помеѓу источните и западните гранки на христијанската црква. Како одан католик, Јустин го изнел римското гледиште на прашањето за двојната природа на Исус и поопштиот принцип на римската надмоќ. Ова привремено источно одложување на западната црква не се случило.
 
Потпирајќи се на сметките на историчарот [[Прокопиј]], многу често се зборува дека Јустинијан управувал со империјата во името на неговиот чичко за време на владеењето на Јустин. Сеедно, има многу докази кои го покажуваат спротивното. Информациите од „[[Тајна историја|Тајната историја]]“ на Прокопиј биле објавени постхумно. Критичари на Прокопиј (чија работа открива човек сериозно разочаран со неговите владетели) ја отфрлиле неговата работа како сериозно пристрасен извор, исполнета со горчина и порнографија, но без други извори, критичарите не се во можност да појаснат некои од наводите во публикацијата. Сеедно, спротивно од „Тајната историја“, Јустинијан не бил назначен за наследник сè до една година пред Јустиновата смрт и тој потрошил 3,700 фунти злато за време на прославата во 520.<ref name="Nor">{{cite book |first=John Julius |last=Norwich |title=Byzantium: The Early Centuries |page=189 |year=1988 |publisher=Viking}}</ref>
 
Во 525, Јустин укинал зкон кој забранувал член од сенаторска класа да се жени со жена од пониска класа во општеството, вклучувајќи го и театарот, кој се сметал за скандалозен во тоа време. Тој потег го отворил патот на Јустинијан за да се ожени со [[Теодора (сопруга на Јустинијан I)|Теодора]], поранешна „[[Мимика|нема]] актерка“ и резултирало со големи промени во старите класни разлики во царскиот дворец. Таа станала еднаква со Јустинијан, земајќи учество во владеењето со огромно влијание.
 
== Доцни години ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Јустин_I