Иљја Франк: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 34:
== Живот и кариера ==
Илја Франк се родил на 23 октомври 1908 во [[Санкт Петербург]]. Неговиот татко, Михаил Лудвигович Франк, бил талентиран математичар со потекло од еврејско семејсто, додека неговата мајка, Михајловна Гратсијанова, била руски [[Руска Православна Црква|православен]] [[физичар]]. Неговиот татко учествувал во студентското револуционерно движење и како резултат на тоа бил протеран од [[Московски универзитет|Московскиот универзитет]]. По [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]], тој бил вратен и назначен за професор. Чичкото на Илја, [[Семјон Франк]], познат руски филозоф, не бил достоен и бил протеран од [[Сојуз на Советските Социјалистички Републики|СССР]] заедно со уште 160 други интелектуалци во 1922. Илја имал постар брат, Глеб Михајлович Франк, кој станал познат [[биофизичар]] и член на академијата за науки на СССР.<ref name="PANbio">{{cite journal
|first=Yu.G. |last=Abov
|title=Academician Ilya Mikhailovich Frank (100th anniversary of his birthday)
Ред 43:
</ref>
Илја Франк изучувал математика и [[теоретска физика]] во [[Московски универзитет|Московскиот универзитет]]. Од неговата втора година работел во лабораторијата на [[Сергеј Иванович Вавилов]], кого го сметал за негов ментор. По дипломирањето во 1930, по препорака на Вавилов, тој почнал да работи во државниот оптички институт во Ленинград. Таму ја напишал својата прва објава за [[луминисценција]] заедно со Вавилов. Работата која ја завршил таму ќе биде основа за неговиот докторски есеј во 1935.<ref name="PANbio"/>
Во 1934, Франк се префрлил во институтот за физика и математика на Советската академија на науки (кој набрзо ќе биде преместен во Москва, каде бил трансформиран во институт за физика). Тука почнал да работи на [[нуклеарната физика|нуклеарната физика]], сосема ново поле. Се заинтересирал за [[Вавилов-Черенков ефект|ефектот]] откриен од [[Павел Черенков]], така наелектризирани честички кои се движат низ вода со голема брзина емитуваат светлина. Заедно со [[Игор Там]], развиле теоретско објаснување: ефектот се појавува кога наелектризирани честички патуваат низ оптички транспарентен медиум со брзина поголема од [[Индекс на прекршување|брзината на светлината во тој медиум]], предизвикувајќи шок-бран во електромагнетното поле.<ref name="PANbio"/> Количината на енергијата која зрачи во овој процес е определена со [[Франк-Тамова формула|Франк-Тамовата формула]].
Откритието и објаснувањето на овој ефект резултирало со развивањето на нови методи за детектирање и мерење на брзината на [[Нуклеон|нуклеарните честички]] со голема брзина и станало многу значајно за истражувањето во [[Нуклеарна физика|нуклеарната физика]]. Черенковото зрачење е широко употребувано во биомедицинските истражувања за детекција на [[радиоизотоп]]и. Во 1946, Черенков, Вавилов, Там и Франк биле наградени со [[Сталинова награда]] за нивното откритие, а во 1958 Черенков, Там и Франк ја добиле [[Нобеловата награда за физика]].<ref name="PANbio"/>
Во 1944, Франк бил назначен за професор и станал директор на одделот во институтот за физика и на лабораторијата за нуклеарна физика (која подоцна била префрлена во институтот за нуклеарно истражување). Лабораторијата на Франк била дел од (тајното) проучување на [[Нуклеарен реактор|нуклеарните реактори]]. Поточно, тие ја проучување дифузијата и термализацијата на [[неутрон]]ите.<ref name="PANbio"/>
Во 1957, Франк исто така станал директор на лабораторијата за неутронска физика во обединетиот институт за нуклеарно истражување. Лабораторијата била базирана на неутронски брзо-пулсен реактор, тогаш во изградба. Пор надзор на Франк, реакторот бил користен за развивање на [[Неутронска спектроскопија|неутронски спектроскопски]] техники.<ref name="PANbio"/>
== Личен живот ==
|