Митоза: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 55 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q133226 (translate me)
Ред 14:
=== Интерфаза ===
 
Митотичката фаза е релативно краток период од клеточниот циклус. Таа се одвива наизменично со многу подолгата [[интерфаза]], во која клетката се подготвува за делба. Интерфазата е поделена на три потфази: G<small>1</small> („first gap“ или „празнина“), S (синтеза) и G<small>2</small> („second gap“ или „празнина“). За време на сите овие фази, клетката расте со производство на белковини и цитоплазматични [[Органела|органели]]. Меѓутоа, хромозомите се [[Репликација|реплицираат]] само за време на S-фазата. На овој начин клетката расте (G<small>1</small>), продолжува да расте со удвојување на своите хромозоми (S), расте уште повеќе и се подготвува за митоза (G<small>2</small>) и на крајот се дели (M) пред повторното започнување на циклусот.<ref name=Blow2005/> Сите овие потфази на интерфазата се регулирани главно преку белковини. Тие следуваат една по друга во строг редослед, а постојат и „контролни точки“ кои и даваат на клетката сигнали за премин од една во друга фаза.
 
=== Предпрофаза ===
Ред 54:
=== Цитокинеза ===
 
Цитокинезата е посебен процес кој започнува во исто време со телофазата. Кај животинските клетки се развива [[делбена бразда]] („прештипнување“) со контрактилен прстен на местото каде што била метафазната плоча, со што ги одделува одвоените јадра.<ref name=Glotzer2005/> И кај животинските, и кај растителнитеКирерастителните клетки, делбата на клетките е исто така поттикната и од [[Везикула|везикули]] добиени од [[Голџиев систем|Голџиевиот апарат]] кои се движат долж микротубулите сè до средината на клетката.<ref name=Albertson2005/> Кај растенијата оваа структура се претвора во клеточна плоча во центарот на [[фрагмопласт]]от и се развива во [[клеточен ѕид]], разделувајќи ги двете јадра. Фрагмопластот е микротубуларна структура карактеристична за вишите растенија, додека кај некои [[зелени алги]] се забележува [[фикопласт]]ен микротубуларен поредок за време на цитокинезата.<ref>Raven ''et al''., 2005, pp. 64–7, 328–9.</ref> Секоја клетка ќерка поседува целосна копија на [[геном]]от од својата клетка родител. Крајот на цитокинезата го означува крајот на M-фазата.
 
== Галерија ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Митоза