Црква „Св. Георги Победоносец“ - Блаце: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сопред мојот извор иконата е дело на данаил несторов
сНема опис на уредувањето
Ред 22:
|површина=
}}
Црквата '''Црквата Свети„Свети ГеоргијГеорги ПобедоносецПобедоносец“''' е [[МПЦ|македонски православен христијански]] црковен храм во селото [[Блаце (Скопско)|Блаце]] во околината на градот [[Скопје]]. Храмот се наоѓа во густа листопадна шума, североисточно од селото и до него води асвалтен пат, кој се двои од самиот почеток на селото Блаце. За историјата на оваа црква е забележано дека таа е изградена на темели на постара црква, која повеќе пати била споменувана во средновековни записи и прикази за цркви и манастири<ref>Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.30</ref>. Изградбата на црквата датира од XVI или XVII век, а самата црква изобилува со прекрасен живопис, икони и иконостас кои сведочат за нејзината старост. Внатре во црквата постои камен со латински натпис, кој најверојатно потекнува од блиските антички римски населби [[Бадер (археолошки локалитети)|Бадаријана]] или [[Тауресиум]]. Во внатрешноста постојат и повеќе стари икони, меѓу кои е и иконата на патрониот светец Св. Георги како ја убива ламјата, подарена и изработена во [[1866]] година, од иконописец од блиското село [[Летевци]].{{факт}} Влезот на црквата е приземен и низок, а над него стои фреска на Свети Георгиј Победоносец со натпис на старословенски за дарителите и градителите на црквата. Околу градбата на црквата се доградувани ѕидови со што е добиен простор за трпезарија, во кој стојат масите на кои се дава ручек за патрониот празник Ѓурѓовден и останатите црковни собори и прослави. Во кругот на црквата се и селските гробишта.
 
==Галерија==