Разлика помеѓу преработките на „Анастас Јанков“

Додадени 10.640 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
с (Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:Q12271795)
починал-место= {{починал во|Влахи|Бугарија}} |
}}
'''Анастас Јанков''' (?-[[1906]]) бил офицер од [[Бугарската армија]] ([[полковник]]) од село [[Загоричани]], кога во [[1902]] година отиде со голема чета во [[Костур (град)|Костур]]ско за да крева „[[востание]]” и издава проглас во кој меѓу другото се вели: ''„Македонци! Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самуил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале општословенска слава, - дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нè гуши пет века...”''<ref>''Рaд македонских комитета," Браник, XVIII, 131, Нови Сад, 26.IX / 9.10. 1902, стр. 2''</ref>. Учествува во [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна (1877-1878)]] и [[Српско-бугарска војна|Српско-бугарската војна]] (1885) година.
 
'''Анастас Јанков Динков''' ([[1857]]-[[1906]])<ref>Енциклопедия България. Том 7, Академично издателство "Проф. Марин Дринов", София, 1996, стр. 579.</ref> - [[македонски]] револуционер, деец на Врховниот македонски комитет ([[ВМОК|ВМК]]) и [[генерал]] во [[Бугарската армија]] ([[полковник]]), родум од село [[Загоричани]].
Полковник Анастас Јанков е женет за сестрата на [[Рајна Кнегиња]] и е татко на деецот на Бугарската комунистичка партија [[Коста Јанков]].
 
== Биографија ==
 
Анастас Jaнков е роден во костурското село Загоричани на [[1 април]] [[1857]] г. Учи во родното село, а подоцна во егзархиското училиште во [[Цариград]], коешто го завршува во [[1875]] година, со одличен успех.
 
Прогонуван од отоманските власти, бива затворен, но успева да избeга во [[Одеса]], денешна [[Украина]]. Учествува во Српско-турската ([[1876]]), во којашто е награден со [[српски]] орден и е унапреден во чин пoмлад унтерофицер, по битката при Гредетин.<ref>Димитар Михајлов: „Полковник Анастас Янков Храбрият македонски войвода“, в. „Трета възраст“, бр. 30, 28.7 - 3.8.10 г., стр.10</ref> За време на Руско-турската војна ([[1877]]-[[1878]]) е доброволец во V-та дружина на Бугарското ополчение, кога го добива чинот [[унтерофицер]]. Кај Шипка и Шејново е ранет и за пројавена храброст добива „Георгиевски крст“.
 
Во [[1885]] г. учествува во Српско-бугарската војна (на страна на Бугарите) и добива орден „За храброст“ од 4-ти степен.<ref>[http://www.kroraina.com/bugarash/macedonia/opalchenci.html Опълченци от Македония]</ref>
 
Неколку години по формирањето на ВМК станува негов член, и во [[1902]] г. заминува за Македонија, со цел да им помогне на тамошните свои сонародници. Подоцна оди во Грција и Србија, со мисија кај тамошните авторитети да добие поддршка за борбата за автономијата на Македонија. Јанков е еден од најголемите идеолошки противници на [[ВМОРО]] во однос на тоа дали Македонија треба да се ослободи однатре самостојно, или со помош на бугарската армија.<ref>[http://www.sitebulgarizaedno.com/index.php?option=com_content&view=article&id=395:2012-03-20-15-20-48&catid=29:2010-04-24-09-14-13&Itemid=61/ Анастас Јанков: „Моите възспоменания по македоно-одринския въпрос“, Синева, Софиja, 2003 г.]</ref> Неговата преголема доверба и наклонетост кон [[Гркомани|гркоманот]] [[Коте Христов]] од село [[Рулја]], [[Леринско]], сериозно ѝ наштетиле на Организацијата.<ref>Спомени на Пандо Кљашев за дејаниjaтa на Анастас Јанков во Леринско - [http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk15.htmlhttp://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk15.html I дел], [http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk16.html II дел], [http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk17.html III дел], [http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spompk20.html IV дел]</ref>
 
[[Податотека:Povik do Makedoncite Anastas Jankov 1902.jpg|десно|350п|мини|Повик до Македонците од Анастас Јанков]]
Сепак, треба да се истакне и да се запамети неговиот значаен придонес кон македонското национално дело и афирмирање на [[Македонски извори за македонскиот идентитет|македонската национална посебност]]. Поради неговата агитација дека Македонците се посебна нација, или можат да формираат таква, врз основа на историските собитија, балканската јавност станала свесна за националната посебност на Македонците. Повиците и прогласите до Македонците, пак, каде што тој вели дека тие треба пред сè самите да се изборат за својата слобода и национална независност, несомнено придонесле за зацврстување на македонската национална свест кај самиот македонски народ. Освен тоа, Јанков секаде го истакнува континуитетот во поглед на [[Македонци|македонското]] етничко потекло на Македонците.
 
Кога во [[1902]] година отиде со голема чета во [[Костур (град)|Костур]]ско за да крева „[[востание]]” и издава проглас во кој меѓу другото се вели:
'''Анастас Јанков''' (?-[[1906]]) бил офицер од [[Бугарската армија]] ([[полковник]]) од село [[Загоричани]], кога во [[1902]] година отиде со голема чета во [[Костур (град)|Костур]]ско за да крева „[[востание]]” и издава проглас во кој меѓу другото се вели: ''„Македонци! Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот [[Александар Македонски]]; сетете се за храбриот цар Самуил[[Самоил]], македонскиот великан, за прекрасниот [[Марко Крале]] општословенска слава, - дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нè гуши пет века...”''<ref>''Рaд македонских комитета," Браник, XVIII, 131, Нови Сад, 26.IX / 9.10. 1902, стр. 2''</ref>. Учествува во [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна (1877-1878)]] и [[Српско-бугарска војна|Српско-бугарската војна]] (1885) година.
 
3а белградскиот весник „Штампа“ подоцна вели:
:'''''„Јас не сум Бугарин, туку Македонец и на Македонија и посакувам слобода и самоуправа. Тоа е целта на сите вистински Македонци… Ние Македонците сме кадарни да кренеме востание во Македонија за да ги увериме Големите сили што го потпишаа Берлинскиот договор дека тие треба да го исполнат она што им го ветија на христијаните во европска Турција, но не сме кадарни сами да го направиме тоа… Особено мораме да побрзаме за да го направиме тоа пред да се спогодат Србија и Бугарија за Македонија. Таа спогодба, според мене, би била кобна за Македонците, бидејќи Бугарија и Србија, откако ќе се спогодат за нашата татковина, ќе ја поделат Македонија и тие делови ќе си ги присоединат кон своите држави.'''''"<ref>“Штампа”, 01.12.1903</ref>
 
И [[Крсте Мисирков]] говори за пропагандата на Јанков, [[Борис Сарафов|Сарафов]] и [[Симеон Радев|Радев]]. во „[[За македонцките работи]]“:
:''„Македонците во Бугариiа убедиiа бугарцкото населеiн'е во праотиiата на нивната програма за '''полно оддел'уаiн'е на интересите на Македониiа од интересите на Бугариiа''', покажаа политиката на праител'ството, на кн'азот и на „генералцкиiот комитет" или комитеот на Цончев-Михаiловцки, како егоична и добиiа во Бугариiа по голема власт над „генералцкиiот комитет" и над праител'ствената политика во македонцкото прашаiн'е. Таiа сила главно се поддржуаше со полната солидарност на „Станишевцкиiот врховен комитет" со „Натрешната организациiа".
И така комитетите, а заедно со ниф, и уопшче македонците се ослободуваат од влиiаiн'ето на бугарцкото праител'ство, создаваат своiа независна програма за работа, таiа програма пропагандираат во Бугариiа и со неiа добиiаат влиiаiн'е на бугарцкиiот народ, а преко него и на праител'ството''.
:''Откако се укорени така македонцкото „дело" во Бугариiа, македонците зафатиiа да одат и во Србиiа и тамо да излагаат своiата програма на праител'ството и на србцкиiот народ. Сарафов, Радев, Iанков, увераваа, оти они се борат со девиз „Македониiа за македонците“, за сите македонци без разлика, и оти '''никоi пат Македониiа не ке се соiединит со Бугариiа. Не iет ли iасно и от тиiе постапоци на македонцките водачи, оти македонците зедоа сами да решаваат судбите на Македониiа''', и оти они во своiата деiност сет готои да се столкуваат и да согласат интересите на своiата таткоина, не само со Бугариiа, но и со друзите блкански држаици, откако се дадат од страна на Македониiа некоiи задолжеiн'а на тиiе држаици за окажаната неi помок'?''“
 
== Семејство ==
 
Јанков се оженил со Марија Атанасова Попгеоргиева Футекова, сестра на бугарската револуционерка Рајна Књагиња. Негов син е [[Коста Јанков]] (деец на [[Бугарска комунистичка партија|Бугарската комунистичка партија]], кој загинал учествувајќи во терористички напад спроведен од неговата партија).
 
Полковник Jaнков загинува во битка со турска војска, во април [[1906]] година, на пат за Бугарија, при месноста Полјана кај селото [[Влахи]] во [[Пиринска Македонија]].
 
== Поврзано ==
* Поема за полковник Јанков - [http://www.slovo.bg/showwork.php3?AuID=14&WorkID=4014&Level=3 Иван Вазов: Радостта на сенките]
 
== Наводи ==
{{reflist}}
 
{{Никулец за биографија}}
 
[[Категорија:Дејци на ВМОК]]
302

уредувања