Холокауст: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 62.162.124.161 (разговор), вратено на последната верзија на M4r51n
Ред 8:
Зборот Холокауст потекнува од старогрчката кованица holocauston [(ὁλοκαύτωμα, holokáutoma): (ὅλος) holos-целосно, (καῦσις) kausis, causton-палење)] и се користи за да го опише убивањето на околу шест милиони европски [[Евреи]] во текот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], како дел од програмата за планско и методско уништување на Евреите и некои други народи од страна на [[Адолф Хитлер]].
Други групи кои систематски биле убивани од страна на овој режим, вклувклучуваат околу:
** 220.000 [[Синти]] и [[Роми]],
** 5.000 [[Јеховини сведоци]],
** 25.000 [[хомосексуалност|хомосексуалци]],
** околу 400.000 [[Полјаци]] и
** [[политички затвореник|политички затвореници]].
 
=== Зачетоците на Холокаустот - 1933-1938 ===
 
Се започна со бојкотот на еврејските продавници и заврши со гасни комори во [[Аушвиц]], во намерата [[Адолф Хитлер]] и неговите следбеници да ги истребат [[Евреи]]те и другите "неариевци" низ [[Европа]], а подоцна и Светот.
Во јануари [[1933]] година, по десетгодишна политичка борба, Адолф Хитлер дојде на власт во [[Германија]]. Додека неговата моќ растеше, тој континуирано ги обвинуваше Евреите за поразот на Германија во [[Прва светска војна|Првата светска војна]] и за [[Економија|економските]] тешкотии со коишто таа се соочи потоа. Во јавноста, тој ја пласираше расната теорија, според која [[Германци]]те со светол тен, плава коса и сини очи се [[Ариевци|супериорна човечка раса]], владеачка раса, а спроти нив се Евреите, кои коваат [[светски заговор]] со што се обидуваат да ја оттргнат германската раса од позициите во светот што им припаѓаат и да владеат со светот.
 
Во тој период, Евреите беа едвај еден процент од тогашната 55 милионска германска популација. Германските Евреи во тоа време беа космополити и горди што се Германци по националност, а [[Јудаизам|Евреи по религија]]. Тие живееа во Германија со векови. Тогаш, како и сега, важеа за интелигентни луѓе со успеси во многубројни професии.