Филм: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 58:
Најзначајна појава за македонската кинематографија во седумдесетите години бил [[анимиран филм|анимираниот филм]]. Македонскиот анимиран филм се развивал во неколку аниматорски насоки: карикатуристичка гег анимација, графичко сликарски израз и предметна анимација. Македонската филмска анимација со својот квалитет не останала незабележана од страна на домашната и странската филмска критика. Специфичната тематика и впечатливото структурирање на анимираниот филмски материјал ја поставил оваа нова гранка во македонската кинематографија на висок пиедестал во светската анимација. Македонскиот анимиран филм со својата кратка но бурна историја зазел значајно место во македонската кинематографија. Тој имал и има моќ на креативно-естетски начин да го изрази духот на своето време, егзистирајќи паралелно со играната филмска продукција, но во значаен степен и дополнувајќи ги нејзините недостатоци.<ref>[http://www.maccinema.com/filmovi.asp За македонскиот филм] - МИФЦ </ref>
 
'''Првиот Македонски 3д анимиран филм.'''
 
Првиот Македонски 3д анимиран филм "Снежна приказна" беше промовиран на 26 декември 2012 година, во Битола. Автори на ова дело се Антонио Стојковски, Јетон Селими и Михаил Талевски.
Филмот е работен во 3д техника и е со траење од 10 минути. Истиот доби повеќе признанија и награди на локално како и на светско ниво.
 
== Види исто така ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Филм