Жан-Жак Русо: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 31.11.71.242) и вратена ревизијата 2932128 на Addbot
Ред 30:
== Политичка мисла ==
 
Како претставник на радикалната концепција на приодноприродно-правната теорија за граѓанското општество, Русо особено обрнува внимание на две суштествени состојби. Прво, Русо, за разлика од останатите теоретичари на природно-правната (договорната) теорија, општеството што настанува по пат на склучување општествен договор го сфаќа како „морален и севкупен организам“, како „општествен човек“ што „своето единство, заедничката идентичност, живот и волја“ ги стекнува како резултат на „[[отуѓување]]то“ (во смисла на нивно органско пренесување) на природните права на членовите-создавачи на тој договор и нивно „пренесување“ на новата државна (органска) заедница што ја создаваат. Секој државјанин - ќе рече Русо - да биде сосема независен од сите други, а целосно зависен од државата. Тоа се постигнува секогаш со истите средства, зашто само силата на државата ја прави слободата на своите членови. „Граѓанските закони се јавуваат токму во вториот однос“.
 
Препуштајќи ја во општа „сопственост“ својата личност, „секој член се претвора во неразделен дел од целината“. На оваа основа Русо ја прави разликата помеѓу ''волјата на сите'' (volonte de tous) и ''општата волја'' (volonte generale); „последнава ја гледа само општата корист, а првата - користа на поединците, па затоа е само збир на поединечни волји... За општата волја да дојде до вистински израз, мошне е важно во државата да нема одделни друштва и секој граѓанин да гласа според сопственото убедување“.