Социологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 46.217.98.145) и вратена ревизијата 2924234 на Addbot
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
Општественото размислување му претходи на основањето на дисциплината. Општествената анализа води потекло од вообичаените сфери на западњачко знаење и филозофија и истата се врши најрано уште од пред времето на Платон. Потеклото на прегледот, односно збирката на информации од примерок на испитаници, може да се утврди дека датира уште од времето на книгата „Последниот суд“ од 1086 година, кога важни филозофи, како на пример, Конфучие, пишувале за важноста на општествените улоги. Постојат податоци за најрана социологија во средновековниот ислам. Некои го сметаат Ибн Калдун, арапски стручњак (учено лице) по ислам од 14-иот век од северна Африка, за прв социолог; неговата книга Mugaddimah веројатно била првото дело кое ги унпредило општествено-научните размислувања за општествената кохезија и општествениот конфликт.
Зборот социологија потекнува од латинските зборови socius што значи „придружник“ и ology, „проучување на“, и од грчкиот збор logos, што значи „збор“ и „знаење“.Тој првпат е употребен како кованица во 1780 година од францускиот есеист Емануел-Јозеф Сијес (1748-1836) во еден необјавен ракопис. Подоцна социологијата беше дефинирана одделно од страна на францускиот научен филозоф Огуст Комт (1798-1857), во 1838 година. Комт порано го имаше користено терминот „општествена физика“, кој подоцна беше користен и од други, особено од белгискиот статистичар Адолф Кетеле. Комт се обидел да ги соедини историјата, психологијата и економијата преку научно разбирање на „кралството“ на општественото. Пишувајќи непосредно по неспокојот доведен од Француската револуција, тој тврдел дека општествените проблеми би можеле да се санираат преку општествен позитивизам, еден епистемолошки (епистемологија: наука за спознанието) пристап изнесен во Правци во позитивната филозофија (1830-1842) и во Оптш преглед на позитивизмот (1848). Комт верувал дека фазата на позитивизмот ќе биде конечното доба, по претпоставените
56413516565151
теолошки и метафизички фази, во напредувањето на човековото сфаќање. Во проучувањето на кружната зависност на теоријата и набљудувањето во науката, а и по извршено класифицирање на науките, Комт може да се смета за првиот научен филозоф во модерната смисла на зборот.
 
Комт изврши значително влијание врз развојот на социологијата, влијание кое донесе плодови во подоцнежните децении на деветнаесеттиот век. Тврдејќи го ова, секако не тврдиме дека француските социолози, како на пример, Дуркеим, биле посветени следбеници на високиот свештеник на позитивнизмот. Но, со самото инсистирање на неменливиот карактер на секоја од неговите науки, односно, неможноста тие да се сведат на некоја конкретна наука над сите науки, која е претпоставена во хиерархијата, како и со нагласување на природата на социологијата како научно проучување на општествените феномени, Комт ја стави социологијата на врвот на пиедесталот. За посигурни податоци, почетоците на социологијата можат да се померат уште поназад, пред Комт, сè Монтескје и Кондорсе, а да не зборуваме и за Сен Симон, непосредните претходници на Комт. Но, Комтовото очигледно прифаќање на социологијата како одделна наука, со свој сопствени особености, го оправда Дуркеим, кој го сметаше Комт како татко или основач на оваа наука, и покрај фактот дека Дуркеим не ја прифатил идејата на трите држави и го критикувал пристапот на Комт кон социологијата.