Артритис: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
'''РАБОТНИЦИТЕ''' страдаат од болки во зглобовите повеќе отколку од кој било друг вид тегоби или болести.Колку повеќе нашите работни и слободни активности се одвиваат во седење,веројатноста за таквите заболувања се зголемува.За среќа,многу тегоби кои често се нарекуваат артритис лесно се лекуваат и се контролираат,а веројатноста од компликации што го ослабуваат и онеспособуваат организмот е далеку помала отколку што тоа било случај со нашите родители,баби и дедовци.
Иако поимот опфаќа широк спектар од различни нарушувања,артритисот значи воспаление на зглобот,сеедно дали тоа е последица на болест,онфекции,генетско нарушување или некоја друга причина.Многу луѓе артритисот го доживуваат како болка или непријатност поврзана со движењето на телото,вклучувајќи такви локализирани проблеми како болки во крстот,бурзитис,тендинитис (воспаление на тетивата) и општа вкочанетост,или болки во зглобовите.
[[Податотека:Остеоартритис.jpg|рамка|лево|Остеоартритис]]
==Поважни видови артритис==
'''Ревматичниот артритис''',некогаш наречен ревматизам или синовитис,обично се јавува кај луѓе на возраст над 40 години,а кај жените двапати почесто отколку кај мажите.Може да се јави и кај децата,особено кај девојчињата меѓу 2 и 5 години.Го карактеризираат воспаление и болки во дланките,особено на зглобовите на прстите,како и во рацете,нозете и стапалата,придружени со општ замор и несоница.Тој исто така може да предизвика оштетување на други делови на телото,вклучувајќи го срцето,белите дробови,очите,нервите и мускулите.Мачнинтата од ревматичниот артритис може да се развива со недели или со месеци и обично е најсилна по будењето.Ревматичниот артритис може да предизвика појава на јазли и изобличенот на дланките и на стапалата кај старите луѓе затоа што со текот на времето мускулите слабеат,тетивите се собираат,а краевите на коските стануваат неприродно зголемени. Иако неможе целосно да се излекува,со лекувањето почнато веднаш по појавувањето на нарушувањето се намалуваат симптомите кај повеќето луѓе.Симптомите може да траат пет години или повеке,по што обично се стабилизираат или слабеат.Со рано лекување веројатноста за трајна инвалидност се намалува кај сите,освен кај 5 до 10 проценти од пациентите.