Артритис: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
:'''Детскиот јувенилен ревматичен артритис''' или Стилова (Still) болест се карактеризира со хронична температура и анемија.Болеста може да има и секундарно дејство на срцето,белите дробови,очите и нервниот систем.Појавите на артритис кај децата на возраст под пет години може да траат неколку недели и повторно да се вратат,иако симптомите се помалку изразени кај повторените напади.Лекувањето главно е исто како кај возрасните,со главен акцент на физикалната терапија и на телесните вежби за да може телото што е во фаза на растење да се одржи активно.Трајното оштетување предизвикано од детскиот ревматичен артритис сега е реткост,а повеќето заболени деца целосно се опоравуваат од болеста без траен инвалидитет како последица.
:'''Инфективниот артритис''' се однесува на разни тегоби што ги зафаќаат поголемите зглобови на рацете и нозете,како и прстите на рацете и нозете.Артритичната инфекција обично е компликација поради повреда или некоја друга болест и е многу поретка од артритичните заболувања кои се јавуваат на определена возраст.Заразениот артритис може да помине незабележано затоа што симптомите може да бидат прикриени со примарна повреда или болест.Но,ако не се лекува,како последица може да има траен инвалидитет.
:''''Остеоартритисот или дегенеративната болест на зглобовите''' се однесува на болки или воспаление што може да биде последица на систематско губење на коскеното ткиво во зглобовите.Тоа е најчестиот облик на артритис,особено кај старите луѓе.Кај остеоартритисот заштитата на крајот на коските во зглобовите,особено во ‘рбетот и во нозете постепено се истрошува.Внатрешните површини на коските стануваат незаштитени и се тријат една со друга. Во некои случаи на рабовите на зглобовите се развиваат коскени шилци,кои предизвикуваат оштетувања на мускулите и тешкотии при движењето. Иако механизмот на остеоартритисот е непознат,изгледа дека некои луѓе се генетски предодредени на дегенеративни промени на коските.Во ретки случаи,уште во рана возраст се јавува вродена дефомација на коските.Злоупотребата на анаболички стероиди кои се популарни меѓу некои спортисти, исто така,може да предизвика остеоартритична дегенерација.Кај многу луѓе остеоартритисот се појавува постепено и не го заслабува организмо, иако може да го промени обликот и големината на коските.Кај други лица коскените израстоци и јазлестите зглобови може да предизвикаат болно воспаление на мускулите или оштетување на нервите,заедно со промени во дпжењето и во подвижноста.Меѓу другите артритични заболувања се вбројува и анкилозниот спондилитис (артритис на ‘рбетот),коскените шилци (коскени израстоци на пршлените или на други места),гихт (кристален ар-тритис) и системскиот лупус (жива рана) (воспалителна болест на сврзливото ткиво).
 
==Причинители==