Библија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 217.16.90.55) и вратена ревизијата 2924647 на Addbot
Ред 16:
Библијата е компелтирана во [[4 век]] од нашата ера, кога [[Европа]], преку [[Византија]] и [[Рим]], официјално го прифаќа [[христијанство]]то. Во текот на целото средновековие, сè до [[ренесанса]]та, одговорите на сите прашања биле барани во оваа „Книга над книгите“, а науката била занемарена.

== Стар Завет ==

[[Стариот Завет]] е откровението на еден номадски народ, кој се движел околу [[Средоземното Море]], меѓу Евроазија и Африка, по течението на реките [[Еуфрат]], [[Тигар]] и [[Нил]], а себе се нарекувал Израелов.<ref>Група автори: Македонски јазик и литература, Просветно дело, 2006 г., стр. 222.</ref> Во Стариот Завет се појавуваат околу педесетина различни литературни видови: митови, химни, молитви, историски записи, љубовна поезија, есеи, хронологија на родови, басни, реалистични приказни, разни изреки и друго. Приказните раскажуваат за верата, борбите, надежите и поразите на ликовите од еврејската заедница. Стариот Завет се дели на три основни делови: Историски книги (од 1. Мојсеева книга до книгата за Естера), Поучни книги (од книгата за Јов до Песната над песните) и Пророчки книги (од Исаија до Малахија). Најстарите книги во [[Библија]]та се Петте Мојсееви книги.

[[Втората Мојсеева книга]] изобилува со чудесни настани: претворање на горката вода во слатка, стапот во змија, правење сув пат среде [[Црвеното Море]]. Но, најважен дел од оваа книга е моралниот кодекс на однесување или [[Десетте божји заповеди]], кои [[Мојсеј]] ги добива на [[Синајската Гора]].

Делот наречен [[Писанија]] е најинтересен од литературна гледна точка. Содржи единаесет книги со различни содржини, а најдраматична е [[Повеста за Јов]], во која се зборува за божјата правда. Јов бил „непорочен и праведен“, и немало друг како него на Земјата. Дошол Сатаната кај Бог, и Бог му рекол да внимава на Јов, зашто е многу побожен и чесен. Сатаната одговорил дека е лесно да се биде чесен кога се има толку имот, здрави деца и сè што сака. Вистинската вера се докажува кога ќе му се одземе тоа на Јов, па прашање е дали тој уште ќе го слави Бога. Тогаш Бог се согласил Сатаната да го искуша Јов, само врз него да не крева рака и да не му ја зема душата. Тука почнуваат несреќите за Јов: го губи цел имот, децата му загинуваат, а самиот се разболел со страшни рани по телото. На сето ова Јов одговара:
:„''Гол излегов од утробата на мајка ми, и гол ќе се вратам. Господ даде, Господ зеде.

:''Зар доброто да го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?''“

И тогаш започнува филозофската расправа за божјата справедливост меѓу Јов и неговите пријатели. Се изнесуваат разни тврдења за казните на Бога и нивната намена. Заклучокот е дека човек не може да проникне во божјата правда. На крајот од приказната, Бог го благословува Јов, и му враќа двојно од сè што изгубил. Многумина филозофи ја користат оваа библиска приказна за да расправаат на темата: божја правда. [[Кјеркегор]] и [[Колаковски]] пред сè се занимавале со прашањето: „Зошто Творецот, во чии раце стои сè, би му се докажувал на Сатаната?“ Колаковски напишал пародија на ова дело под наслов „Разговори со ѓаволот“, а [[Гете]] ја искористил како вовед во својот [[Фауст]].

[[Песна над песните]] се вбројува меѓу најдобрите поетски остварувања на древните литератури. Таа е во форма на дијалог, и низ седум пеења даден е цел развој на љубовта.
{{quote|Стави ме како знак на срцето

како печат на раката своја

зашто љубовта е силна како смрт

а љубомората тврда како гроб!

''Песна над песните''}}

Во Стариот Завет сликата на Бог е многу различна од претставата за него во христијанството - како бескрајна љубов. Старозаветниот Бог е „љубоморен осветник, господар на лутината, се одмаздува на своите противници, истраен во гневот кон непријателите. Јахве е бавен во гневот, но силен во моќта.“

Стариот Завет завршува со прорекување на појава на божјиот пратеник, месија, кој ќе го донесе новото учење. Со ова, Стариот и Новиот Завет се поврзани.

== Новиот Завет ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Библија