Џингис-хан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
}}</ref> бил ''голем хаган'' и основач на [[Монголската Империја]], која по неговата смрт станала најголемата империја во светот. Тој е еден од најголемите освојувачи во историјата на човештвото и се вбројува меѓу [[Александар III Македонски]] и [[Тамерлан]] <ref>[http://www.dailymail.co.uk/home/moslive/article-1308014/Ten-greatest-Historical-conquerors.html Ten of the greatest: Historical conquerors]</ref><ref>[http://asianhistory.about.com/od/profilesofasianleaders/tp/3-Great-Conquerors.htm Asia's Great Conquerors]</ref><ref>[http://cominganarchy.com/2005/11/03/historys-top-conquerors/ History’s Top Conquerors]</ref>.
 
До 1206 година, Темуџин успеал да ги обедини Меркитите, Наиманците, Монголците, Кераитите, Татарите, Ујгурците и уште неколку мали племиња. Тоа бил историски чекор во обединување на монголската нација. Во Курултај, тој бил прогласен за хан на племињата и ја превзел новата титула Џингис Хан. Титулата хаган, не ја добил се до неговата смрт кога империјата била поделена на неговуте синови и внуци.
Дошол на власт откако успеал да обедини голем број на номадски племиња во [[Азија|североисточна Азија]]. По создавањето на монголската држава, која била зачеток на идната голема [[Монголска Империја]], се прогласил за ''Џингис Хан'' (океански владетел) и станал двигател на монголските инвазии кои резултирале со освојување на поголемиот дел од [[Евроазија]]. Монголските армии, под водството на Џингис Хан, ги освоиле [[Ката-Хитан ханат]]от, [[Кавказ]]от, [[Кварезмидска империја|Кварезмидската империја]], [[Западна Шија]] и династијата [[Џин (династија)|Џин]]. Овие воени кампањи биле проследени со големи масакрите врз цивилното население, уништување на голем број на градови и опустошување на цели области.
 
Тој бил двигател на монголските инвазии кои резултирале со освојување на поголемиот дел од [[Евроазија]]. Џингис Хан ги организирал неговите луѓе, армија и неговата империја за војна со Западна Шија или Ши Шија, која била блиску до монголската земја. Во 1209 година Џингис Хан ја опколил и заробил Западна Шија. Во 1215 Џингис Хан го заробил главниот град на династијата, Јанџинг денес познат како [[Пекинг]]. Џингис Хан решил да го освои Кара-Хитан и да го порази Кучлуг, а монголската војска била преморана да војува цели десет години. по оваа победа, државата на Џингис Хан се протегала до [[Балкашко езеро]] и дошла до самата граница со [[Хварезмидска Империја|Хварезмидската Империја]], муслиманска држава што се протегала од [[Касписко Езеро|Каспиското Езеро]] до [[Персиски залив|Персискиот залив]] на запад и до [[Арапско Море|Арапското Море]] на југ. Монголската армија под водство на Џингис Хан, неговите генерали и синови ги поминале [[Тиен Шан]] и навлегле во територијата на Хварезмидската Империја. По падот на главниот град [[Самарканд]], главниот град бил преместен во [[Бухара]] а Џингис Хан наредил на останатите чиновници да го уништат и остатокот од поранешната Хварезмидска Империја, не само кралските палати, туку цели градови и населби. После големиот пораз на Хварезмидската Империја во [[1220]], Монголската армија била поделена на два дела. Џингис Хан предводел дивизија преку [[Авганистан]] и северна [[Индија]], додека другиот контигент марширал преки [[Кавказ]]от во [[Русија]]. [[Монголци]]те ја уништиле [[Грузија]], ја разрушила тврдината во [[Кафа]] во [[Крим]] и ја поминале зимата во близина на [[Црното Море]]. Субутај испратил гласници до [[словен]]ските принцови за да се создаде мир, но гласниците биле егзекутирани. За време на битката кај реката Калка во [[1223]], војската на Субутај ја уништила [[Киев]]ската војска. Цела Централна [[Азија]] и сите племиња со кои Монголците војувале биле потчинети, освен територијата на Волшките Бугари. Во [[1226]] година, веднаш кога се вратил Џингис Хан во Монголија започнал напад над [[Тангути]]те (Западна Шија). Во ноември истата година, Џингис Хан предводел војска до градот [[Лингжоу]] и така ја повинал реката [[Хоангхо]] или ''Жолта Река'', победувајќи ја тангутската армија. Во [[1227]], армијата на Џингис Хан го нападнала и поразила главниот град на Нинг Хија, и продолжиле да напредуваат, преземајќи ги Линтијао-фу, провинцијата Шининг и провинцијата Дешуан.
 
Пред својата смрт го назначил [[Огедеј Хан]] за свој наследник и ја поделил империјата на неколку ханати на своите синови и внуци. Умрел во 1227 година, по победата над [[Тангути]]те. Бил закопан некаде во [[Монголија]] без назначен и обележан гроб и исто така локацијата на гробот не е позната. Назначените владетели на ханатите биле еден вид на вазали распространети низ поголемиот дел од [[Азија]] и [[Источна Европа]].
 
Покрај неговите освојувања, Џингис Хан исто така делувал и врз културниот и економксиот подем на [[Монголци|Монголците]] и нивната империја. Под неговото водство, ујгурското писмо било во Монголската Империја. Овој валдетел исто така промовирал и верската толеранција во неговата држава. Денешните Монголци го сметаат за ''татко на Монголија''.
 
Неговото име се наоѓа на голем број производи, улици, згради и останати позначајни објекти од јавен интерес. Неговиот лик може да се најде на монголските пари, и останати обележја за Монголија. Главниот меѓународен аеродром во [[Улан Батор]] е наречен Џингис Хан и статуа на Џингис Хан се наоѓа на самиот влез на Монголскиот парламент. Општо гледано, Монголците имаат голема почит кон ликот на Џингис Хан и е фундиментална фугура во монголскиот идентитет и историја.
==Потекло ==
{{Triple image|center|Gurvger.jpg|275|Onon.jpg|220|Mongolcavepaintings.jpg|350|Монголска јурта|Онон, Монголија во есен, регион каде Темуџин се родил и израснал.|Монголски пештерски цртежи}}