Демократска Федерална Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с што се се случувало во ДФМ
Ред 2:
 
'''Демократска Федеративна Македонија''' било името на Македонија како федерална држава во составот на новопрогласената [[Демократска Федерална Југославија]]. Ова име се користело во периодот од 1944. до ноември 1945. кога било сменето во [[Народна Република Македонија]].
 
Во виорот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], на првото заседание на [[АСНОМ]] одржано на [[2 август]] [[1944]] година во [[манастирот Св. Прохор Пчински]] со присуство на делегати од сите краишта на [[Македонија]] и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - [[САД]] и [[Велика Британија]], се донесени следниве важни одлуки:
 
*Решение за прогласување на [[АСНОМ]] за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија
*Декларацијата на [[АСНОМ]] за основните права на граѓаните на демократска Македонија
*Решението на [[АСНОМ]] за воведување на [[македонски јазик|македонскиот јазик]] како службен јазик во македонската држава
*Решението на [[АСНОМ]] за прогласување на [[Илинден]] – [[2 август]] за народен и државен празник на македонската држава.
 
[[Првото заседание на АСНОМ]] формира свој [[Президиум]], кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран [[Методија Андонов - Ченто]].
 
Излегува првиот број на весникот „[[Нова Македонија]]“. Донесена одлука за основање на [[Учителска школа Скопје|Школата за народни учители]]. Формирана е [[Народната библиотека „Климент Охридски“]]. Формирана е [[Македонската филхармонија]]. [[Божиќните настани на Скопското Кале]]: одредени единици одбиваат да заминат на [[Сремскиот фронт]] и наместо тоа сакаат да се оди на [[Солун]]. Формиран е [[Македонскиот народен театар]]. Се одржува [[Првиот црковно-народен собор]] за обновување на [[Македонската Православна Црква]]. Формирана е првата македонска влада. Донесено е решение за утврдување на [[македонската азбука]]. Од печат излегува првиот македонски буквар.
 
На [[8 март]] [[1946]] г. [[Президиумот на Народното Собрание]] донесува закон со кој дотогашното име [[Демократска Федерална Македонија]] се менува во [[Народна Република Македонија]].
 
[[Категорија:Македонија]]