Римска религија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Одбиена последната промена во текстот (од 217.16.90.150) и вратена ревизијата 2779673 на ZéroBot
Ред 5:
Најпосле, [[христијанство]]то го заменило постариот пантеон како [[државна религија]] на Рим, и римската религија избледела, иако многу аспекти од нејзината хиерархија останале во христијанскиот ритуал и во [[Западен свет|западните]] традиции.
 
== Раноримски култ ==
seseasdasdasdasddsdsse
 
Римската култура и религија се развиле во контест на [[Етрурска митологија|етрурската митологија]]. Архаичната римска „[[митологија]]“, барем што се однесува до боговите, не била сочинета од приказни, туку од комплексна корелација помеќу боговите и луѓето. За разлика од [[Грчка митологија|грчката митологија]] боговите не биле персонифицирани. Римјаните исто така верувале дека секој човек, место или нешто има свој [[Гениј (митологија)|гениј]] (како домашните духови или „[[Ларес Фамилијарес]]“ кои биле семејни духови-заштитници). Затоа, раноримскиот култ може да се каже дека бил колку ''полидемонизам'' толку и [[политеизам]].
 
Според германскиот историчар Георг Висова римјаните разликувале две класи на богови: ''di indigetes'' и ''de novensides'' или ''novensiles.'' ''Indigetes'' биле поранешните богови на римската држава (видете [[Листа на Ди Индигетес]]). ''Novensides'' биле подоцнежните богови чии култови биле донесени подоцна, обично како одговор на извесна криза или потреба.
 
На врвот на најраниот [[пантеон (богови)|пантеон]] била тријадата составена од [[Јупитер (бог)|Јупитер]], [[Марс (бог)|Марс]] и [[Квирин]]. Нивните свештеници, или [[фламен]]и, биле по ранг погоре од другите. Подоцна оваа тројка била надмината од [[Капитолска Тријада|Капитолската Тријада]], [[Јупитер (бог)|Јупитер]], [[Јунона]] и [[Минерва]].
 
Во раната историја на [[Римска република|Римската република]] биле увезени странски богови, особено од [[Стара Грција|Грција]], кои извршиле големо културно влијание врз римјаните. Покрај ова, римјаните ги поврзувале нивните домашни божества со грчките богови и божици.
 
По облик, ритуалите се состоеле главно од [[либација|либации]] и [[жртвување|жртвувања]], од кои најраскошните биле [[Суоветаурилии]]те.
 
== Религијата за време на Римската република ==