Мит Ромни: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
 
Американскиот бизнисмен '''Вилард Мит Ромни''' беше седумдесеттиот гувернер на Масачусетс од 2003 до 2007 година. Тој беше избран кандидат на [[Републиканска партија (САД)|Републиканската партија]] на претседателските избори на Соединетите Американски Држави во 2012 година.
 
Израснат во Блумфилд Хилс, Мичиген, од страна на неговите родители Ленор и Џорџ В. Ромни, почнувајќи од 1966 година Мит Ромни поминал две и пол години во Франција како Мормонски мисионер. Во 1969 година, се омажил за Ен Дејвис со којашто има пет деца. Во 1971 година, Ромни учествувал во политичките кампањи на двајцата родители. Истата таа година, дипломирал на Универзитетот „Бригам Јанг”, а во 1975 година со диплома за Мастер по бизнис и администрација и доктор по правни науки на Харвард. Тогаш Ромни влегол во индустријата на менаџмент консалтинг и во 1977 година си обезбедил место во „Бејн енд Компани”. Подоцна, работејќи како извршен директор, помогнал да се изведе компанијата надвор од финансиска криза. Во 1984 година, ја соосновал и водич е на компанијата со неочекуван профит „Бејн Капитал”, високо профитабилна фирма за инвестиции со приватни капитални акции којашто стана една од најголемите по својот вид во земјата. Неговиот значителен нето капитал, којшто во 2012 година е проценет во износ од 190-250 милиони американски долари, му помогнал при финансирањето на неговите претходни политички кампањи.
Активен во Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, за време на неговата бизнис кариера, Ромни служел како епископ на неговиот оддел (раководител на неговото локално собрание), а потоа претседател на епархијата од неговата област во близина на Бостон. По неговото повлекување од „Бејн Капитал” и неговото локално раководство во црквата, станал кандидат на Републиканската партија за [[Сенат на Соединетите Американски Држави|Сенатот на САД]] на изборите во Масачусетс, 1994 година. По поразот од [[Едвард Кенеди|Тед Кенеди]], се вратил на својата позиција во „Бејн Капитал”. Години подоцна, успешен ангажман како претседател и извршен директор во организацискиот комитет на Солт Лејк за [[Зимски олимписки игри 2002|Зимските олимписки игри во 2002 година]], резултирал со негово повторно враќање кон политичката кариера. Избран за Гувернер на Масачусетс во 2002 година, Ромни помогнал да се развијат реформите за здравствена нега во Масачусетс, коишто се први од својот вид во државата и да се донесе закон за истите, со што се обезбедил речиси универзален пристап до здравствено осигурување преку субвенции на државно ниво и индивидуални овластувања за купување на осигурување. Исто така, претседавал за елиминирање на предвидениот дефицит од 1,2-1,5 билиони долари преку комбинација од скратување на трошоците, зголемување на давачките и затворање на даночните дупки во компаниите. Ромни не побарал реизбор во 2006 година, наместо тоа, се фокусирал на неговата кампања за Републиканска кандидатура за Американските претседателски избори во 2008 година. Победил на неколку прелиминарни и внатрепартиски избори, но по кандидатурата на [[Џон Мекејн|Џон МекКејн]], се повлекол од трката и на крајот го поддржал МекКејн. Во 2011 година, ги започнал кампањите за кандидат за претседател на Републиканската партија во 2012, притоа освојувајќи доволно внатрепартиски гласови за да биде номиниран за кандидат заедно со својот избран потпретседател, претставникот Пол Рајан. Ромни беше поразен од страна на актуелниот претседател на САД, [[Барак Обама]], на генералните избори во ноември, 2012 година.
 
=== Ран живот и образование ===