Александар Амфитеатров: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
EvLa (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
EvLa (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Слика:Amfiteatrov.jpg |thumb|300 px|left|А. В. Амфитеатров (1862-1938)]]
 
'''Александар Валентинович Амфитеатров''' (1862 - 1938) е руски писател, чие литературно творештво е големо и по обем и по разновидност.
 
Ред 8 ⟶ 10:
 
Уште за време на животот, од страна на недобронамерните критичари бил омаловажуван како автор кој пишува многу, но без висок квалитет на неговите дела. Сепак, Амфитеатров има оставено бројни дела со несомнено висока литературна вредност, какви што се романите „Осумдесетгодишници„, „Деведесетгодишници“, „Залез на стариот век“ и други. Во 1911 год. се обидел сите свои дела да ги собере во едно издание од 37 томови. До 1916 год. излегле 34 тома, без одреден ред, а од непознати причини, недостигаат три тома: 21, 32 и 36. Поради неприфаќањето на советскиот режим, неговото име во татковината во времето на Советскиот сојуз е непожелно и паѓа во заборав. Неговите дела се реткост, како во библиотеките така и во сеќавањето на руската читателска публика.
 
== А.В. Амфитеатров за Македонија и Македонците==
 
Амфитеатров престојувал и на Балканот. Тука доаѓал четири пати, и секој пат испраќал написи за руските весници. Подоцна, своите извештаи го објавува и во посебни книги.
Ред 13 ⟶ 17:
Во 1903 год. објавува две книги во кои зборува за личности и настани од Балканот. Во книгата „Земја на раздорот“, објавена две години по неговиот прв престој во Македонија, Амфитеатров дава свој поглед на настаните во [[Македонија]], како и за Македонците:
 
: '''„Србите ја сметаат оваа народност за српска, Бугарите за бугарска. Претензиите и на едните и на другите се еднакво без основа во смисла на национални претензии и еднакво имаат основа по силата на културното и политичкото влијание...“'''
 
По неговиот втор престој во Македонија, Амфитеатров ќе запише:
 
: '''„За да стане Македонија бугарска, требало да се побугарат Македонците. И ете, по Бугарско-српската војна од 1885 г., најтешки сили и значителни жртви на бугарскиот државен организам се насочени кон бугаризација на Македонските Словени. Бугарскиот агент - свештеникот, учителот, комитата, четникот - станува тајна влада на земјата и некаква нејзина душа“.'''
 
Амфитеатров на своите патувања по Балканот се среќавал со секакви луѓе, од најпростиот селанец до врвните државници на балканските земји. Ослободен од секакво еднострано влијание и без предрасуди, тој имал можност да дојде до сознанија за проблемите во и околу Македонија:
 
: '''„Оние што ја читале мојата „Земја на раздорот“ го знаат мојот поглед врз Македонците. Тоа не се ни Срби, ни Бугари, туку првобитен словенски народ, со прост основен јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каква-годе форма што ќе му ја предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура. Македонци - Бугари има таму каде што се зацврстила бугарската школа и црква, и Срби има таму каде што писменоста е во рацете на Србите. Со исто удопство тие би можеле да се претворат, под образовно-религиозно и трговско влијание, во Малоруси, Великоруси, Полјаци. Нивниот јазик е растопен метал, кој лесно се прелева во секаква роднинска форма. Но -роднинска. И ете, токму во тоа - во племенското родство - е главниот услов што ја врти сега Македонија во борбата меѓу Словените и што го уништи во неа влијанието на Грците.“'''
 
Ваквите отворени ставови, според кои Македонците се самостоен народ, колку близок толку подеднакво оддалечен и од Србите и од Бугарите, придонесле Амфитетаров да ги загуби своите српски и бугарски пријатели.
 
 
''Извор на податоци:
А. В. Амфитеатров: „Земја на раздорот“,
 
А. В. Амфитеатров: „Од моите скитања“''
 
[[Категорија: Историја на Македонија|А]]
[[Категорија: Руски писатели|А]]
[[Категорија: Русија|А]]
 
[[ru:Амфитеатров, Александр Валентинович]]