Џејсон Њустед: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 35:
 
=== Разделбата со Металика ===
За време на еден состаник на членовите на [[Металика]] во [[јануари]], 2001 год. незадоволен од музичкиот правец по кој се движел бендот, предложил да земат одмор од 1 година, како тој би можел да се посвети на вториот негов бенд од тоа време, Екобреин. [[Џејмс Хетфилд|Хетфилд]] и [[Ларс Улрих|Улрих]] решително го одбиле тој предлог и му замерила на Њустед поради неговата работа со ''Екобреин'', велејќи дека тоа одземало од силата и единството на бендот. Пред закажување на термините за снимање на [[албум]]от ''[[St. Anger]]'', Њустед објавил дека ги напушта [[Металика]]. Како причина ги навел приватните и лични проблеми, како и физичката штета која ја претрпел низ годините свирејќи ја [[музика]]та што ја сакал. Нешто подоцна го издал [[албум|студискиот албум]] со ''Екобреин''. [[Џејмс Хетфилд]] однапред изјавил дека е против тој [[албум]]. За време на студиските сесии, [[бас гитара]] свирел [[продуцент]]от [[Боб Рок]], а во 2003 год. за нов басист бил назначен [[Роберт Трухиљо]].
 
<blockquote>''Искрено да ви кажам, не зажалив ниту еден посто кога ја напуштив Металика. Така беше најдобро за сите. На никој не сум кажал дека жалам за одлуката, ниту пак имам намера тоа да го сторам. Тоа решение не беше воопшто лесно да се донесе, и многу размислував за тоа пред да се одлучам на тој потег. Оттогаш ниеднаш не погледнав наназад и не сум се запрашал дали постапив правилно. Едноставно така требаше да биде.'' Ова го кажал Џејсон Њустед во [[филм]]от ''[[Some Kind of Monster (филм)|Some Kind of Monster]]''.</blockquote>
 
Постоеле неколку шпекулации во наредните неколку години дека Њустед евентуално би се вратил во [[Металика]], но таквите најави се покажале неточни. И покрај разделбата со [[Металика]], Џејсон останал пријател со останатите членови. На 4 [[април]], 2009 год. бил примен во ''Rock and Roll'' куќата на славните во [[Кливленд]], [[Охајо]]. Во декември, 2011 год. настапил на серијата концерти по повод 30 години од основањето на [[Металика]], во придружба на сегашните членови на бендот.
 
=== Ози Озборн ===