Прогонување на христијаните во Римското Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с Бот: Поправа пренасочувања
Ред 16:
== Диоклецијан==
 
[[Диоклецијански прогони|Диоклецијанските прогони]] или Големите прогони, претставуваат назив за поредните големи прогони на христијаните од страна на властите во [[Римска империја|Римската Империја]]. Тие започнале кон почетокот на [[4 век]], а името го добиле според тогашниот римски император [[Диоклецијан]], еден од владетелите во тогашната [[тетрархија]].
 
Во тоа време, четворицата императори, Диоклецијан, [[Максимијан]], [[Галериј]] и [[Констанциј Хлор]], издале едикт според кој секој граганин морал да се придржува кон римските обреди. Подоцна, овие едикти биле насочени против христијанското свештенство, кое пак довело до конфискација на нивните имоти и палење на црковните книги и текстови. Неговиот страв отишол дотаму што кога разбрал дека во [[Палестина]] постојат потомци на цар [[Давид]] од страв да не му го земат престолот наредил да бидат донесени во [[Рим]], но кога разбрал дека како [[христијани]] не очекуваат земно царство, дека се сиромашни и земјоделци ги ослободил.
 
Гонењата на Домицијан не биле само од религиозен карактер, туку и од политички, па така, многу римски граѓани под обвинение дека примаат „''безбожнички и јудејски обичаи''“ биле убиени, а нивниот имот предаден на државата. Под безбожници се подразбираат христијаните. Во овој период христијаните сеуште не биле разликувани од [[евреи]]те. Прогоните биле различни по интензитет и се преименувале во различни делови од империјата, на запад во [[Обединето Кралство|Британија]] и [[Галија]], каде прогоните биле делумно со мал интензитет, и на исток каде прогоните биле најжешки.
 
Како жртви од овој период најпознат е Флавиј Климент, роднина на самиот импертор.
Ред 26:
== Трајан==
 
[[Трајан]] се смета за еден од најспособните императори на [[Римска империја|Римската Империја]]. Во негово време, Римската империја доживеала најголема распространетост по територија. Во негово време започнало христијаните да ги сметаат за религиозна група различна од евреите – но истата не можела да биде припоена кон дозволените религии.
 
Во [[99]] година императорот Трајан донел Указ против тајните здруженија, иако истиот не бил дирекно насочен против христијаните, сепак тие и несакајќи ги исполнувале условите за да бидат сметани за тајни здруженија: се собирале тајно и на тајни места бидејќи биле гонети. По овој указ, Трајан бил приморан да издаде друг указ кој се однесувал директно на [[христијанство|христијаните]], а на барање на проконзулот на [[Витинија]], [[Плиниј Младиот]]. Во Витинија имало многу христијани во тој период, па проконзулот се обратил до императорот кој наредил христијаните да не смеат да бидат гонети од страна на институциите на државата, но доколку некој ги изведе пред суд да бидат судени и убедувани да се откажат од христијанството, во спротивно следувала смрт.
 
Самиот Трајан очигледно не ги сметал христијаните за толку голема опасност да мора државата самата да ги гони. Секое непочитување на императорската и државната власт за него било доволен повод некој да плати со својот живот за ваквото непочитување. Како жртви од овој период се издвојуваат [[Симеон Ерусалимски]] и [[Игнатиј Богоносец]].