Малечката Фадета: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
Приказна за браќата близнаци Силвине и Ландри кои од самото раѓање се поврзани еден со друг и не можат да опстанат посебно. Откако потпораснуваат, Ландри заминува да работи во соседството, кај пријателот на својот татко Кајо, а Силвине се крши и постојано тагува и се разболува. Незадоволен од ладниот однос на својот брат тој бега од својот дом кон блиската река.
 
Во меѓувреме Ландри го бара својот брат и смета дека одговор ќе му даде старицата Фаде која сите ја сметале за вештерка бидејќи правела чудни лекови. Старицата има две внучиња Фадета и Жане чија мајка ги напуштила како мали, па таа се изживувала врз нив. Одговорот на Ландри му го дава Фадета и при тоа го обврзува и тој да ѝ исполни некое нејзино барање во иднина. Подоцна Фадета ќе успее да го извлече Ландри од реката и конечно му кажува дека треба да танцува со неа на селскиот бал (Фадета била грда и се облекувала како машко). По танцот, се раѓаат искри помеѓу Ландри и Фадета и конечно се вљубуваат еден во друг. Откако родителите на Ландри ќе дознаат за тоа (под изговор дека е бремена) му наредуваат повеќе да не се гледа со неа.<ref>[http://www.sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=675:%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%87%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B0-%D0%B6%D0%BE%D1%80%D0%B6-%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B4&Itemid=59 Синопсис на книгата]</ref>
 
Фадета заминува од селото, а по неколку месеци се враќа бидејќи баба ѝ умрела. Баба ѝ ѝ остава големо наследство и родителите му дозволуваат на Ландри да се венча со неа. За сето тоа време Силвине страда, но конечно ќе се помири откако Фадета ќе го крене на нозе и тој заминува во војска.