Америка (роман): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
'''''Америка''''' (на [[германски]]: ''Der Verschollene'') е третиот и последен [[роман]] објавен од [[Франц Кафка]]. Публикуван е постхумно, во 1927 год. со посредство на неговиот пријател [[Макс Брод]]. Оригиналното име на романот било '''''Исчезнатиот''''', но по сугестија на Брод, издавачите го издале романот под насловот '''''Америка'''''. Дејството во [[роман]]от е базирано врз расказот „[[Огнарот]]“ (објавен 1913), во кој се обработува животот на главниот јунак Карл Росман по неговото пристигнување во [[Америка]]. Се претпоставува дека прецизно доловениот живот на европските доселеници во [[Америка]] се всушност искуствата на неговите блиски роднини кои емигрирале во таа земја.
 
Содржински гледано, делото се состои од десет глави, од кои две се недовршени. И во ова дело, како и во неговите претходни две, [[Кафка]] ги обработува темите поврзани за [[бирократија]], [[алиенација|социјално отуѓување]] на поединецот и борбата да се стигне до што е можно подобра општествена позиција.
 
Постојат две изданија на [[македонски јазик]] на ова дело од Кафка. Првото е во издаваштво на издавачката куќа Темплум,<ref>[http://www.templum.com.mk/index.php/magma/210--95- Вовед во делото] издавачка куќа Темплум</ref> а второто, поново издание од 2011 год. е од издавачката куќа Антолог.<ref>[http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=823111046106&id=16&setIzdanie=22363 Промоција на роман од Кафка] Нова Македонија</ref>